Прогласени победниците на четиринаесетото издание на Анимакс Скопје Фест

Португалскиот краток филм „Ана Морфоза“ на авторот Жоао Родригес е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Златна Тула – „Ана Морфоза“

Хрватската авторка Леа Видаковиќ ја доби втората награда за својот анимиран филм „Семеен портрет“, додека Бронзената Тулa ја доби чешкиот филм „Светла“ на авторката Јитка Немикинсова.

Сребрена Тула – „Семеен портрет“
Бронзена Тула – „Светла“

Специјална награда им беше доделена на филмовите „Војници“ од Македонија на Розе Симоновска и „27“ од Унгарија на Флора Ана Буда.

Специјална награда – „Војници“
Специјална награда – „27“

Жири комисијата која одлучуваше за наградите беше во состав на Саша Станишиќ, Ева Камчевска и Илиана Петрушевска.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продукциската куќа Аурипигмент од Скопје, во соработка со Кинотека на С. Македонија.

Leave a Reply