Стоп-анимацијата ми е во срцето

Интервју со Дарија Копиец


Animax: Кој е вашиот последен проект и дали имате било какви престојни проекти?

D.K.: Мојот последен анимиран филм е Космос. Ова е филм за тела кои зборуваат, мускули, кожа и срце кои сакаат допирање. За тело кое сака да доживее присуство на друго тело. Космос е создаден во техниката стоп-анимација со кукли од глина. Само што почна да кружи низ светските фестивали и веќе освои две награди.
Во моментов се подготвувам да снимам уште еден од моите проекти. Тоа ќе биде анимиран филм поврзувајќи тридимензионална анимација со кукли и 2D анимација. Главниот лик е Касетмен – човек кој има механизам сличен на касета во него. Го среќаваме за време на сеемен ручек. Тој нема мислење за себе. Комуницира со светот преку снимени изјави од други луѓе. Ова ќе биде филм-експеримент. Го нарекувам опера-анимација за сопствена потреба. Музиката ќе биде многу важен дел оф филмот. Ќе биде завршен во 2017.

Daria InterviewAnimax: Дали претпочитате работа со деца? Зошто?
D.K.:  Пресврт во моето размислување за работата со деца и за деца беше мојата соработка со Граничниот центар за уметности, култури и народи во Сејни. Ова е местото каде беа создадени три филмски колекции од деца под мој надзор. Тоа се Тајни на детството, Филмска збирка од Красногруда приказните и Приказни на Граничната земја. Тие освоија многу награди околу светот. Многу посебен филм за мене направен со деца е Метаморфозите на Бобо. Работевме на него речиси две години. Трае 17 минути. Многу сум горда на него.
Во Метаморфозите на Бобо станува збор за едно момче кое поради неговата мрзеливост бил казнет од самовилата и претворен во мува. Тој сретнува пајак, разговара со него и дознава дека сите суштества, дури и оние малите како пајакот, имаат своја задача да ја исполнат. Светот виден од перспектива на мува е целосно различен од светот преку очите на едно момче. Оваа промена на перспектива во поглед на светот го менува ставот кон реалноста.
Работењето со деца е многу важно за мене. Јас длабоко им се восхитувам на нивната неограничена имагинација и идеи. Работата со деца ми помага да негувам одреден модел на восприемањето на реалноста во мене – со восхит и нежност.

Animax: Ако не изградевте кариера со како аниматор, што ќе изберевте место оваа професија?
D.K.: Веќе го направив изборот. Во мојот професионален живот делам две страсти. Јас сум театарски режисер, го сакам театарот. Паралелно сум и режисер на анимирани филмови, фокусирајќи се на стоп-анимација. Ова беше мојата прва професионална окупација, таа ме обликува како творец и се уште има огромно влијание врз мојата перцепција на светот.
Не можам да си го замислам животот денес без театарот, ниту пак без анимацијата. Овие два начина на изразување се надополнуваат еден со друг. Работејќи на анимација го користам моето искуство со театарот и обратно. Филмот и театарот се неразделни.
Многу сакам различни средства за изразување: разликата во работата, времето на работата, начинот на изработка, градењето врска со мојот тим. Ми требаат и двете во мојот професионален живот: театарот и анимацијата. Јас сум екстремен екстоверт и интроверт во исто време. Ме исполнуваат и двете области, ме прават многу среќна и ми даваат животна енергија.

Daria InterviewAnimax: Со кои техники на анимација најмногу работите и ги познавате?
D.K.: Тоа беше за време на моите студии во филмската школа Лоѓ кога сфатив дека стоп-анимацијата е најблиску до моето срце. Верна сум и до денес. Омилени ми се  анимација со кукла и мултиплан анимација. Јас цртам, сликам и вајам уште од дете. Мојата интеракција со уметнички материјали е природна. Во стоп-анимацијата константно сум во контакт со уметноста и занаетчиските материјали. Имам физичко влијание врз нив, тие се изобличуваат пред моите очи, во моите раце. Тоа има голема вредност за мене. Во мојот случај, компјутерот не е во можност да го замени задоволството на работа со пластелин, бои и хартија. Чувствувам дека работејќи со мноштво од предмети, можам се да направам, имам големо влијание врз тоа.

Animax: Како останувате сконцентрирани работејќи долги часови?
D.K.: Ова е најтешкиот процес на создавање анимиран филм. Јас не сум осамен тип. Сакам да работам во група. Ценам размена на искуства, фузија на идеи кои се случуваат за време на работење во тим. Но, се разбира, работејќи како режисер и аниматор не можеш да избегнеш моменти на целосна изолација. Ова може да се спореди со медитација. Долги часови работа, ангажирање на телото и умот, сето тоа е многу исцрпувачки. Кога работам сама слушам музика, тоа ми помага да влезам во еден вид транс. Но, исто така ја ценам тишината многу. Мојот начин да се ослободам од тешкотиите на работа е пливањето. Тоа ми помага да го преживеам времето поминато во светот на лабораторијата за анимација. Исто така многу сум активна во областа на театарот и можам да добијам контакт со луѓе и широко разбрани изразувања колку што ми треба. Анимацијата помешана со театарот е мојата професионална рамнотежа.

Daria InterviewAnimax:  Според вас, кои се топ три способности кои би требало да се поседуваат за да се биде професионален аниматор?
D.K.: Мислам дека тоа е многу индивидуално. Можеш да ги согледаш на многу начини и можат дијаметрално да се разликуваат. Јас обично се справувам со режирање на анимирани филмови, па присутна сум во текот на целиот процес на филмското творештво, од раѓањето на идеата па се додека филмот е завршен и може да се емитува во јавноста. Затоа мојата перспектива е многу поширока од перспективата на аниматор. Но, ќе пробам да ги поврзам.
Првата способност која треба да ја имаш за анимација е трпение за време на сите фази на филмската продукција. Крајниот ефект е обично дванаесетина минути работа, бидејќи идејата преку изнаоѓање финансиски средства, процесот на производство и постпродукција, обично трае неколку години. Мораш да бидеш сигурен за својата идеја.
Втората способност која е потребна во работата со анимација е концентрација. Без тоа не може да се оди низ целиот процес на создавање филм. Мора да се биде фокусиран на темата и да не се изгуби ништо за време на долгиот процес на создавање филм. Ризикот е огромен.
И третата важна вештина е способноста на самоподобрување, собирање на знаења во областа на уметноста. Мора да се биде свесен за она што се случува во уметноста овде и сега. Како се согледува во различни моменти, како функционира во различни времиња. Мора да ги совладаш своите уметнички вештини, особено кога работиш со традиционална анимација. Ова ќе ви даде самодоверба за време на работата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *