Прогласени победниците на Анимакс #6

Јапонскиот краток филм Parade de Satie на авторот Коџи Јамамура е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест 2016. Холандскиот автор Дигна фон дер Пут ја доби втората награда за својот анимиран филм Параде, додека Бронзената Тулa ја доби холанскиот филм Бинго! На авторот Патрик Шонмека. За најдобар…

Проекција на анимирани филмови за деца

Во рамки на меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест, на  3 и 4 декември (сабота и недела) во 12.00 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на анимирани филмови за деца. Саботната проекција е наменета за членовите на филмското училиште Тинтири Минтири, а неделната проекција е отворена за сите посетители. Децата…

Утре почнува шестото издание на Анимакс Скопје Фест

На четирите фестивалски денови на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ во периодот од 1 до 4 декември во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани вкупно 52 анимирани филмови од 25 земји од светот. Под мотото „За нагоре“, овој фестивал ќе го одржи своето 6-то издание со богата програма наменета за возрасни и…

Мак-стрип, работилница за стрип наменета за деца

Ментори: Здравко Гиров, Давор Драмиканин Време и место: 01.12.2016 (четврток) / 17.30 часот / Кинотека на Македонија Работилницата е наменета за деца од 8 до 14 години. Услов за учество децата да знаат добро да цртаат. Сакате да научите како се прави стрип и да илустрирате  како вистински професионалец? Пријавете се за учество на нашиот…

Официјален видео спот

Погледнете го официјалниот видео спот за овогодинешното шесто издание на Анимакс. Ве чекаме од 1 до 4 декември во Кинотека на Македонија. Ние сме за нагоре, а вие?

Стоп-анимацијата ми е во срцето

Интервју со Дарија Копиец Animax: Кој е вашиот последен проект и дали имате било какви престојни проекти? D.K.: Мојот последен анимиран филм е Космос. Ова е филм за тела кои зборуваат, мускули, кожа и срце кои сакаат допирање. За тело кое сака да доживее присуство на друго тело. Космос е создаден во техниката стоп-анимација со…

Слатка материја, работилница за анимација

Ментор: Николас Бролт, аниматор од Канада Време и место: 02.12.2016 (петок) / 18:00 часот / Кинотека на Македонија Во оваа работилница  Бролт поврзува неколку свои филмови реализирани со Националниот филмски борд на Канада, со последните проекти кои ги реализирал како независен режисер, нагласувајќи ја важноста на материјата и текстурата во својата кинематографија. Николас ќе ја претстави својата…

Промоција на книга за анимација на Анимакс #6

„Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“ Зборникот „Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“ содржи текстови посветени на субверзивните и потиснатите мотиви кои се присутни во авторските анимирани филмови кои доаѓаат од државите од „Вишеградската група“ и Италија. Авторите, меѓу кои и – Марсин Гизицки (Animator Festival; Rhode Island School of Design,…

Работилница за стоп анимација за деца

Ментор: Дарија Копиец, аниматорка од Полска Деца пантомимичари (мистеријата во делата на Тадеуш Маковски). Време и место: 01 – 03/ 12 /2016 (од четврток до сабота)/14:00- 16:00 часот / Кинотека на Македонија Делото на полскиот сликар Тадеуш Маковски ќе биде инспирација во градење на приказната на анимираната етида создадена од пластелин. Во тек на три…

Македонски филм ќе го отвори Анимакс #6

Анимираниот филм „Акт“ (13’40”), авторско дело на реномираниот македонски уметник Ацо Станковски ќе го отвори овогодинешното шесто издание на Анимакс Скопје Фест. АКТ е анимиран филм во кој на еден поетски начин се претставува една од најприсутните теми во историјата на ликовната уметност, а тоа е претставата на голото тело кое било непресушна инспирација за…