Програма за деца

Датум
23 / 12 / 2017 (сабота)

24/12/2017 (недела)
Време
12:00 – 13:30

Место
Кинотека на Македонија

Влез слободен

1. Џингликс / Руска Федерација / Антон Верштагин / 2017 / 11′

JingliksМанијана му наложи на Бедокур да испече пита. „Строго според рецептот!”, рече таа, „немој да згрешиш Бедокур!”. Тоа е здодевно… И каде е тука кулинарната инспирација? Верувај ми, тортата ќе биде супер! Целиот Џингл-град ќе ја памети!

2. Џебниот Човек / Франција / Ана Шубиниѕе / 2016 / 7′

The Pocket ManМал човек живее во стар куфер. Еден ден ќе најде нов пријател – стар слеп човек. Малиот човек скока во џебот на слепиот. Со музика, џебниот човек му помага на слепиот да оди и да види што се случува на улица. Двајцата се многу среќни заедно.

3. Бокси: Сообраќаен Метеж / Унгарија / Бела Клингл / 2016 / 4’3″

Boxi: Traffic JamЧудните приказни на Бокси, картонското куче, и Картоми, картонското момче оживуваат во имагинарниот свет на дете, изграден од домашниот отпад. Сите ликови во серијата, всушност, може да се исечат и да се склопат од хартија. Во срцето на градот макета има сообраќаен метеж. Па, момчето не може да помине низ паркот за да си игра со својот хартиен авион. Бокси ќе му помогне да ги најде основните причини за проблемот…

4. Леден Змеј / Тајланд / Равиван Ханамонтри / 2016 / 1’34”

Ice DragonПриказна за детето на Ледениот Змеј.

5. Хартиени Приказни / Русија / Алексеј Миронов / 2016 / 5’30”

Paper TrailsКреативните патувања на хартиеното дуо – лосот Аристотел и клукајдрвецот Чук-Чук, во чудната земја на оригами. Секоја епизода ги претставува и приказната и изработката на проектот, во кој децата учат како да направат своја хартиена играчка која е важна за поуката од приказната и е изработена од едноставни материјали.

6. Мириам Покрај Езерото / Естонија / Рино Унт / 2016 / 5′

Miriam by the lakeСемејството на Мириам кампува покрај езерото. По долгиот и напорен ден целото семејство се одмора во шаторот, само кокошката не може да спие. Таа оди на прошетка и слуша многу застрашувачки звуци во ноќта и гледа многу очи кои трепкаат во темината. Кокошката го зема фотоапаратот за да ги слика чудовиштата околу неа. Следното утро, сите можат да видат од што се плашела.

7. Поврзани / Шпанија / Давид Лопез Аниа / 2017 / 2’30”

ConnectedПонекогаш животот нè тера да носиме со нешто што е премногу тешко за само еден човек. Но, распореден меѓу двајца, товарот тежи помалку.

8. Пинокио / Македонија / Илчо Симовски / 2016 / 9’08”

PinnochioКласичната приказна за Пинокио, видена низ очите на авторот.

9. Во Прогон / Александар Курилов / Молдавија / 2016 / 11’05”

In ExileНапуштено младо момче се справува со осаменост и очај со неговата жива имагинација преку следење на опсесивен сон.

10. Напорни Миленици / Блејк Гарнси / САД / 2017 / 8’13”

Pet PeevedНа првиот ден на на работа во Pet-O-Rama продавница за миленичиња, Ед е желен да биде најдобриот вработен што некогаш постоел. Со нов шеф и многу мили миленичиња што можат да му прават друштво, што би можело да тргне наопаку?