Официјална програма

——————————————————
ПРВ ДЕН – Петок, 20.12.2019 / 20:00ч
——————————————————

1. Ќерка / Чешка / Дариjа Кашчеева / 2019 / 14’44”

DaughterТреба ли да ја скриеш болката? Да се затвориш во својот свет, полн со копнеж по изразена таткова љубов? Или треба да разбереш и да простиш пред да е предоцна?

2. Скоро таму / Велика Британија / Нели Микенауд / 2019 / 8’44”

Almost ThereНа патување со воз без запирања или дестинација, набудувачот оди во крајности за да ги избегне другите патници, огромно бебе бега од своите родители, романтична жена започнува врска со кукавица, а наивно момче открива дека некои проблеми не можат да бидат решени со слики од еднорози.

3. Кртечина / Франција / Матју Шену, Брун Мартин, Манон Поарје / 2019 / 3’45”

Работници еволуираат во фабрика што создава живот.

4. Господар на Светлината / Германија / Стефан Фогт / 2019 / 1’40”

Master of LightПријателство може да се случи и во отсуство.

5. Последната песна / Шпанија / Борха Гереро Парапар / 2018 / 14’58”

The Last SongСекое утро, петелот на Филберт и Сакраменто се качуваше на камбанаријата и пееше: „О, сонце мое…“ Така беше многу години, толку многу, што се чинеше дека секогаш ќе биде така. Сепак, петелот старееше и една ноќ ги затвори очите за да спие…

6. Мравки / САД / Џи Сеон Ли / 2019 / 01’31”

AntsЖивотот на современиот работник е сличен со животот на мравката. Мравките работници работат напорно секој ден, ја извршуваат својата улога и живеат во поделени соби во своите домови. Но, некоја несреќна мравка може да биде убиена од човек без некоја посебна причина. Повеќето луѓе ги убиваат мравките само за забава. И покрај сѐ, другите мравки мора да продолжат да работат секој ден.
Сепак, понекогаш реалноста со која што се соочуваат луѓето е многу слична со таа на мравките работници.

7. Најголем соперник / Кина / Лу Чанг / 2019 / 5′

Arch-rivalВо војна со себе си.
Нема дијалог во филмот. Секој може да го разбере.

8. Ку…? / Иран / Мина Гасеминија / 2018 / 7′

KoooФантастична кратка анимација адаптирана од третата Книга на Метлана „Матнави“. Еден човек бара симбол што го поседува, минувајќи многу места и доживува многу настани без оглед на можноста што ја има во себе. Кога ќе пристигне до дестинацијата заради незнаење што потрошил време да го постигне, тој паѓа на првиот чекор.

9. Поети. Морис Розенфелд / Полска / Дариа Копиец / 2019 / 3’32”

Poeci. Moris RosenfeldКраток анимиран осврт кон животот на поетот Морис Розенфелд.

10. Додека не стане црно / Украина / Анастасииа Фалилеиева / 2019 / 6’23”

Until It Turns BlackКога вистината боли и ништо не може да се смени, се чини дека бегството во светот на соништата е единствениот излез. Фантазијата би можела да ја ублажи болката, но дали е тоа волшебна пилула? Запомнете, дури и валканите уредни улици се покриени со небо што го одзема здивот. Над најтемните облаци сонцето секогаш свети. Јас исто така сум бегалец. Филмот е посветен на оние кои не се согласуваат со реалноста.

11. Анкси / Грција / Ставрина Кикалоу / 2017 / 7’14”

AnxieКучето на Анкси залудно пробува да си игра со неа. Анкси одамна не се забавувала. Секој изминат ден е неподносливо ист со претходниот. Обемот на нејзината работа се зголемува, таа нема доволно време и нејзината анксиозност ги поминува границите.
Ќе успее ли да го смени нејзиното секојдневие и да се ослободи од нејзината рутина?

12. Жонглерот / Бразил / Јури Морено / 2018 / 10’55”

The JugglerАнимиран документарец за уличните жонглери кои ги развеселуваат монотоните денови во големите градови.

13. Тесно грло / Шведска / Пела Олсон / 2019 / 3′

BottleneckРаботата на Софи е да става капачиња на шишиња. Работата е монотона и навидум бесконечна. Темпото со кое доаѓаат шишињата е брзо и Софи мора да брза да постигне. Но, овој ден таа е прекината кога ќе пристигне едно шише со капаче на него. Ова ја нарушува рутината на Софи и таа пропушта неколку шишиња. Со бркање на пропуштените шишиња, таа е однесена на разоткривачко и изненадувачки кратко патување низ фабриката.

——————————————————
ВТОР ДЕН – Сабота, 21.12.2019 / 20:00ч
——————————————————

1. Противречни / Велика Британија / Симон П Бигс / 2018 / 11′

WiddershinsЖивотот на еден разгален господин е беспрекорно автоматизиран од машините, но неговото уредно постоење е фрлено во хаос кога ќе избере да следи една слободоумна жена, наспроти советите на неговиот робот батлер.

2. Рибарот и девојчето / Грузија / Мамука Ткешелашвили / 2018 / 15′

Fisherman and_the GirlПриказна за петгодишно девојче и нејзиниот татко рибар, кој мора да ја оставa сама дома додека оди на риболов. За да ја остави сама полесно, таткото ѝ раскажува магични приказни за риболов, кои се трансформираат во сликовити фантазии во умот на малото девојче.

3. Дремни / Иран / Мина Гасеминија / 2019 / 3′

Take a NapМомче под дрвото трепка додека гледа нагоре. Камерата го следи погледот на момчето. Мала птица паѓа од дрвото на земја, камерата минува низ тревата и покажува фудбалско игралиште на кое момчињата играат. Последната сцена – трансформација на топката во бомба и експлозија. Камерата се враќа на првата позиција, жртвата на војната седи тивко и неподвижно во инвалидска количка.

4. Утро / Чешка / Војтех Домлатил / 2019 / 3’33”

MorningУтро. Кафе. Појадок. Туш. И потоа? Патување надвор? Или патување внатре? Медитација со дишење во форма на целосно линеарна анимација.

5. Боговите на ситните нешта / Австралија / Дебора Кели / 2019 / 5’22”

The Gods Of Tiny Things„Боговите на ситните нешта“ е колаборативно анимирано дело што произлегува од комисијата за фестивалот Siteworks на Бунданон. Изработено преку станбена работилница во Центарот за образование на Риверсдејл; сликите, музичкиот состав и дизајнот на звучниот пејзаж се осмислени да ги одразат загрозените животи на планета подложена на климатски промени. „Боговите на ситните нешта“ шпекулираат за партеногенетско, апсурдно востание.

6. Талкачи / Франција / Симон Шупо / 2019 / 9′

RoamersАвтобиографска фреска која ги реконструира различните места каде што авторот патувал и живеел. Составена во талкачка приказна во планините и селата.

7. Сакај ме, плаши се од мене / Германија / Вероника Соломон / 2018 / 06’06”

Love Me, Fear MeШто би биле спремни да направите за другите да ве сакаат?
„Сакај ме, плаши се од мене“ е танцова метафора за улогите што ги играме и формите што ги носиме, за сцените што ги одбираме, публиката што се обидуваме да ја импресионираме и цената на прифаќањето.

8. Добри намери / Велика Британија / Ана Манцарис / 2018 / 8’34”

Good IntentionsОткако ќе избега од сообраќајката што ја предизвика, на една млада жена почнуваат да ѝ се случуваат чудни и страшни работи. Мал трилер за луѓе кои не се секогаш добри во носење одлуки.

9. Лошо јајце / Симон Стојановски, Кристина Трајческа / Македонија / 2018

A Bad EggБезгрижно топче залутува во темниот дел од кујната.

10. Слепата кралица / Франција / Кенди Колекија, Кристијан Шонг, Микаел Ваше, Базил фон Петхем / 2019 / 5’13”

The Blind QueenНекогаш, во далечно кралство, млада слепа кралица. Изолирана во нејзината беспрекорна палата, таа го отфрла надворешниот свет кој што е непознат за неа. Соочувајќи се со непознатото, таа ќе се ослободи од своите стеги и конечно ќе процвета.

11. Дуелот / Велика Британија / Алистер Кер / 2019 / 08’43”

The DuelСебастијан ужива во неговата музика, сѐ додека…

12. Меч / САД / Џинчи Жанг / 2019 / 3′

SwordЧудно момче случајно добива меч. Тој ја искористи моќта на мечот и станува алчно, сè додека не се сретне со едно дете…/span>

13. Вуду / Шпанија / Карлес Пренафета / 2019 / 04’10”

VoodooЕдна стара жена одеднаш е вознемирена од еден млад музичар. Што ќе направи таа?

14. Набљудувај / Канада / Гилназ Арзпејма / 2019 / 01’32”

Be HoldПерформаси на двајца современи танчери, измешани и прераспределени; дел по дел истражени за откривање на сопствената перцепција за привлечност и одбивност.

——————————————————
ТРЕТ ДЕН – Недела, 22.12.2019 / 20:00ч
——————————————————

1. Замок / Јаопнија / Јотаро Мијаџима / 2019 / 05′

CastleЗа време на периодот на „провинциите во војна“, беа загубени многу животи. Архитект на замоци ја открива можната улога на чајната просторија како место за воините да го повратат човечкото.

2. Преку трњето до ѕвездите / Франција / Франк Дион / 2018 / 11’08”

Per Aspera Ad AstraСекојдневниот живот на една кокошка чистачка, растргнат помеѓу нејзината работа, нејзините деца и нејзината стара мајка.

3. Индивидуа / Обединето Кралство, Португалија / Беатриз Багуљо / 2019 / 4’50”

(In)DividualЗа време на лекарски преглед, една млада девојка сонува дека е во сопствениот ум.
Влечена од нејзиниот антагонист (поттикнувач на нејзините напади) во потрага по пат за идентификација, таа ги истражува различните делови на нејзината личност – невообичаени простори полни со надреални метафори.
Само кога ќе престане да се прашува која е, ќе сфати дека причината за нејзината несреќа секогаш била во нејзини раце.

4. Ноќна смена / Италија / Џанфранческо Јаконо / 2019 / 3’55”

Night ShiftЧуден Палермо, мрачен како никогаш порано. Темнокоса девојка вози цела ноќ, навидум без причина. Дали бара нешто или некого? Дали треба да заврши некоја работа? Или, можеби, само чувството на бескрајна осаменост ја тера да застане во пабовите и да запознава мажи? Вистината е недофатлива, а ноќниот живот може да се изгуби себеси во калемите на вознемирувачки сон.

5. Епиренов / Аргентина / Алехандро Ариел Мартин / 2019 / 15′

EpirenovЕперенов е последниот жител на Земјата. Тој монотоно се шета низ празната пустина во потрага по делови потребни за да изгради партнер. Во една од неговите вообичаени прошетки, тој открива артефакт што ќе го промени неговиот свет.

6. Мртво поле / Аргентина / Аугусто Бехас / 2018 / 5’53”

Dead FieldВо колиба опкружена со сув смрзнат пејсаж, осамен старец се справува со чуден посетител.

7. Цртајќи го животот / Бразил / Лусијано Лагарес / 2018 / 12’52”

Drawing LifeНемотивиран карикатурист ги црта луѓето на улица. Еден ден се појавува жена што влече болно и некомунитивно момче во инвалидска количка. Цртачот го набљудува, истражувајќи го животот што ги активира наједноставните емоции, радоста, лутината, разочарувањето и среќата.
Воспоставена е врска. Од неочекуваниот процес на комуникација, се создава атмосфера полна со фантазија, забавни цртежи и смешни ситуации

8. Божицата / Аргентина / Лисандро Шурхин / 2018 / 11’06”

The GoddessЕдна млада двојка, во обид да ја обнови својата осиромашена врска, оди во кампување во природен резерват. Кога изгледа дека ништо нема да се подобри, Божицата се појавува и ги соочува со нивните сенки и тајни.

9. Н.Ш.Д.С.П. (Нема што да се пријави) / Франција / Лукас Дуркхајм / 2019 / 5’17”

R.A.SВеќе со месеци, група од пет млади војници се заглавени на здодевна мисија сред планините во Авганистан. Еден ден, за време на мисијата за поддршка, рутината е конечно нарушена.

10. Уки / Велика Британија / Џорџ Ворен / 2018 / 5’56”

UkiКратка стоп-анимација која го следи осамениот Инуит кој се бори да преживее откако протечена нафта од нафтен танкер го убива целиот животински свет на брегот на Алјаска. Црна комедија за дружбата, осаменоста и загадувањето.

11. „Подморница“ / Естонија / Ристо Кут / 2018 / 4’05”

BoilermakerБудалест филм за шанкерка која не е импресионирана од големината на чашите за виски и пиво. Така, еден ден откако ќе затвори барот, таа испробува нови начини како да направи совршена „подморница“. Од една чаша, сè оди надреално-глупо-чудно, но најмногу глупаво.

12. Малото бротче / Русија / Анастасија Махлина / 2018 / 5’31”

The Little ShipОва е приказна за едно мало девојче и нејзиниот пријател – слон. Тие безгрижно играат и се забавуваат. Сепак, детството завршува порано или подоцна, понекогаш незабележливо за нас. Колку и да е добро, време е да се разделат. Зрелоста е неизбежност во животот на секоја личност.

13. Преобразба / Аргентина / Марија Белен Таглиаубе, Миријана Базан / 2019 / 02’01”

Transmuta„Преобразба“ е приказна за жена, која откако ќе претрпи неочекувана загуба, мора комплетно да се трансформира за да преживее.