Жири

Радостина Нејкова

Радостина НејковаРадостина Нејкова дипломирала на Националната академија за театарски и филмски уметности „Крастјо Сарафов“ и магистрирала во филмски студии и режија на анимација.

Таа е научен секретар и доцент професор доктор на Институт за уметности при Бугарската академија на науките. Радостина Нејкова предава „Драматургија на анимиран филм“ и „Техники на анимација“ на Националната академија за театарски и филмски уметности „Крастјо Сарафов”.

Радостина е режисер на наградувани кратки анимирани филмови и илустратор на детски книги. Таа има самостојни изложби „Детски илустрации“ во Бугарија, Грција, Србија, Русија и Босна и Херцеговина. Одржува детски работилници за анимација во Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Грузија, Русија, Португалија, Италија, Бразил, Македонија и Германија.

Радостина Нејкова е членка на Сојузот на бугарски креатори на филмови, Здружение за Анимација (Animation Guild); ASIFA (Меѓународно друштво за анимирани филмови) и неговите работилници, Сојуз на бугарски новинари – Филмска секција; Здружение на бугарски професори и вонредни професори во кино „Академија 21“ и член на одборот на директори на Бугарско здружение на филмски, телевизиски и радио сценаристи – БАФТА.

Фернандо Галрито

Фернандо ГалритоФернандо Галрито е роден во Самора Кореиа, Португалија.
Има завршено курсеви за кино, анимација, видео и театарски директор. Дипломирал антропологија, магистер е по култура, комуникација и нови технологии, а во моментот работи на својата докторска тема – Анимација, од екранот до бината до галеријата.

Во 2000 година го основа и е уметнички директор на МОНСТРА – Лисабонски фестивал за анимирани филмови, а од истата година предава анимација и уметнички интердисциплинарен проект на Врховната школа за дизајн и уметност – ESAD.CR во Португалија.

Држел предавања на тема Подвижни слики; Педагогијата за анимација и односот помеѓу анимацијата, новите технологии и другите уметности во различни национални и меѓународни универзитети и училишта за уметности. Тој е и гостин наставник и спроведува работилници за анимација на различни универзитети во Европа, Америка, Азија и Африка.

Фернандо Галито режира анимирани филмови, документарци и видеа, кои се прикажувани на меѓународни фестивали и телевизии. Режира и трансдисциплинарни проекти кои се однесуваат на анимација, театар, танц и ликовна уметност.

Тој го координира Центарот за движење на слики на Фондацијата Гулбенкиан од 1986 до 2005 година. Тој е исто така член на жири на разни меѓународни фестивали, како и на национални и меѓународни организации за анимациска уметност. Соработува со разни списанија, радио и ТВ програми поврзани со кино и педагогија.

Горан Трифуновски

Горан ТрифуновскиГоран Трифуновски е дипломиран актер на Факултет за драамски уметности и Магистер по филмска режија.

Уште во текот на средното училиште го формира својот музички бенд „Пеперминт“ во кој е текстописец, автор, композитор, гитарист, аранжер и вокалист. Автор и продуцент на четири музички албуми, повеќе од 800 песни снимени и продуцирани во неговото сопствено аудио студио и продукција. Автор и режисер на сите видео спотови на „Пеперминт“. Овој бенд има снимено четири авторски албумски изданија и станува дел од македонската историја со песните „Девојката со точакот“ и „Ама Ако“ и е запишан во „Македонската рок енциклопедија“ на Тошо Филиповски.

Направил повеќе аудио и видео реклами за радио и тв. Пишувал колумни во повеќе студентски списанија како и во детското списание „Илустриран Забавник“

Работел во сопствено приватно аудио/видео студио како музички продуцент на повеќе алтернативни музички групи и солисти.

Заедно со Никола Левандис ја издаваат книгата „Мрднати раскази“ во која меѓу другото има и сопствени авторски стрип цртежи и илустрации.

Актер е во повеќе долгометражни филмови („Мајки“, „До балчак“, „Исцелител“, „Три Дена во Септември“), серии („Фамилијата Марковски“, „Преспав“) и театарски претстави („Хомо ерекстус“, „Ромео и Јулија сега“, „Судниот ден“)

Од 2008 година работи видео монтажа и графички дизајн во Радио Телевизија Скопје.