——————————————————
Четврток, 24.11.2022 / 09:30ч
***
Петок, 25.11.2022 / 10:00ч
***
Сабота, 26.11.2022 / 12:00ч
***
——————————————————
1. Абрил / Уругвај / Елијана Фернандез, Софија Викторија Капонето / 2021 / 4′
Дојде време во животот на Абрил кога имагинацијата и фантазијата престанаа да ја штитат од реалноста во која живее. Сè додека еден ден не открие нова форма на бегство што ќе ѝ го промени животот засекогаш.
2. Скали / Русија / Татјана Мошкова, Марина Мошкова / 2022 / 08’42”
Еден ден од животот на повлечен монах кој живее во манастир на врвот на градот. Единственото живо суштество што го сака е, всушност, мало лимонско дрво. Кога дрвото е на работ да се исуши од недостаток на вода, монахот мора да оди по скалите низ целиот град за да стигне до бунарот.
3. Адиго / Унгарија / Дора Цока / 2022 / 06’42”
Еден тежок зимски, еден ловец убива срна. Но, срната имала мало срнче, кое што после смртта на неговата мајка е во животна опасност. Срнчето го следи ловецот скоро до неговиот дом, но ја губи трагата од ловецот во снежното невреме. Семејството на ловецот е среќно за срнечкото месо затоа што не мора повеќе да гладуваат. И покрај тоа, ловецот се чувствува вина за малото срнче до крајот на својот живот, бидејќи духот на срнчето го следи на секој чекор од животниот пат. Само неговата смрт му дава мир.
4. 1996 / Шпанија / Рамон Маскарос / 2022 / 07’37”
Девојка и нејзиниот татко патуваат во семејната градска куќа, каде што се потсетуваат на минатото и ги откриваат работите што им се заеднички. Приказна за љубовта и лојалноста, за родителите и децата.
5. Кога би / ОК / Веиџа Хоу / 2021 / 04’58”
Главната јунакиња ја отвора кутијата со скршена играчка и се сеќава на времето поминато со баба ѝ кога била мала. Сите велеа дека нејзината баба е совршена жена, па таа беше многу горда на неа. Како дете, таа не знаела дека никој не е вистински совршен…
6. Маја Новак / Македонија / Миа Панов / 2022 / 07’47”
Детективска приказна која се одвива во градот Скопје.
7. Зачуденост / Костарика / Габриел Наваро / 2021 / 06’53”
Најмалиот рак во групата доцни на големата миграциска забава во сезоната на парење каде мора да го освои срцето на женски рак; не без претходно да се помине патот што ја дели планината од плажата. За разлика од останатите мажјаци, тој ја користи својата генијалност за да направи низа пронајдоци со ѓубре што ќе му помогнат да се доближи до другата страна. По неколку неуспешни обиди, тој конечно стигнува до плажата, но само за да го открие трагичниот крај на неговите придружници кои исто така се обидувале да стигнат таму.
8. Лажица / Франција / Артур Шејс / 2022 / 03′
Многу е едноставно да избегате од секојдневниот живот: ви требаат скала и лажица. Но, дали е навистина толку лесно?