Анимиран филмски маратон

Анимакс Скопје Фест организира филмски маратон под ведро небо за сите љубители за анимирани филмови, на 14 септември (четврток). Место: Плоштад на ВМРО во строгиот центар на градот. Време на проекции: Детската програма: 18.30 до 20:00 часот. Програма за возрасни:  21:00 – 24:00 часот Настанот е со поддршка на Градот Скопје.

Отворен повик за пријавување

Скопје, 14.07.2017 – Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното седмо издание на фестивалот, кое ќе се одржи во декември 2017 во Скопје, Република Македонија. Право да се пријават  имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2016 година кои претходно…

Прогласени победниците на Анимакс #6

Јапонскиот краток филм Parade de Satie на авторот Коџи Јамамура е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест 2016. Холандскиот автор Дигна фон дер Пут ја доби втората награда за својот анимиран филм Параде, додека Бронзената Тулa ја доби холанскиот филм Бинго! На авторот Патрик Шонмека. За најдобар…

Проекција на анимирани филмови за деца

Во рамки на меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест, на  3 и 4 декември (сабота и недела) во 12.00 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на анимирани филмови за деца. Саботната проекција е наменета за членовите на филмското училиште Тинтири Минтири, а неделната проекција е отворена за сите посетители. Децата…

Утре почнува шестото издание на Анимакс Скопје Фест

На четирите фестивалски денови на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ во периодот од 1 до 4 декември во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани вкупно 52 анимирани филмови од 25 земји од светот. Под мотото „За нагоре“, овој фестивал ќе го одржи своето 6-то издание со богата програма наменета за возрасни и…

Мак-стрип, работилница за стрип наменета за деца

Ментори: Здравко Гиров, Давор Драмиканин Време и место: 01.12.2016 (четврток) / 17.30 часот / Кинотека на Македонија Работилницата е наменета за деца од 8 до 14 години. Услов за учество децата да знаат добро да цртаат. Сакате да научите како се прави стрип и да илустрирате  како вистински професионалец? Пријавете се за учество на нашиот…

Слатка материја, работилница за анимација

Ментор: Николас Бролт, аниматор од Канада Време и место: 02.12.2016 (петок) / 18:00 часот / Кинотека на Македонија Во оваа работилница  Бролт поврзува неколку свои филмови реализирани со Националниот филмски борд на Канада, со последните проекти кои ги реализирал како независен режисер, нагласувајќи ја важноста на материјата и текстурата во својата кинематографија. Find the best digital…

Промоција на книга за анимација на Анимакс #6

„Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“ Зборникот „Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“ содржи текстови посветени на субверзивните и потиснатите мотиви кои се присутни во авторските анимирани филмови кои доаѓаат од државите од „Вишеградската група“ и Италија. Авторите, меѓу кои и – Марсин Гизицки (Animator Festival; Rhode Island School of Design,…

Работилница за стоп анимација за деца

Ментор: Дарија Копиец, аниматорка од Полска Деца пантомимичари (мистеријата во делата на Тадеуш Маковски). Време и место: 01 – 03/ 12 /2016 (од четврток до сабота)/14:00- 16:00 часот / Кинотека на Македонија Делото на полскиот сликар Тадеуш Маковски ќе биде инспирација во градење на приказната на анимираната етида создадена од пластелин. Во тек на три…

Македонски филм ќе го отвори Анимакс #6

Анимираниот филм „Акт“ (13’40”), авторско дело на реномираниот македонски уметник Ацо Станковски ќе го отвори овогодинешното шесто издание на Анимакс Скопје Фест. АКТ е анимиран филм во кој на еден поетски начин се претставува една од најприсутните теми во историјата на ликовната уметност, а тоа е претставата на голото тело кое било непресушна инспирација за…