Работилница со Хрвоје Селец

Работилница за стоп анимација за деца со Хрвоје Селец, аниматор од Хрватска

Термини:
21, 22 и 23 декември (четврток, петок и сабота)

Почеток:
18.00 часот

Место:
Кинотека на Македонија

Сите заинтересирани можат да се пријават на мејлот animaxmacedonia@gmail.com

Децата ќе работат 3 дена по 2 часа стоп анимација со колаж и предмети, од идеја до готов производ – анимиран филм.

Хрвоје Селец

Hrvoje SelecХрвоје Селец е роден во 1984 година во Вараждин (Хрватска). Уште како дете од 8 години, започнува да ја посетува групата за анимиран филм VANIMA, каде што денес е вработен. Откако учествувал во правењто на повеќе од дестина анимирани филмови, како средношколец започнува да помага на водење на група за анимирани филмови, а од 2005 година станува секретар и водител на VANIMA. 2009 година како вработен во VANIMA, со колешката Сандра Маленица го основаат  „VAFI- интернационалнит фестивал за анимиран филм, деца и млади во Вараждин “, па станува директор на фестивалот, и денес ја обавува таа функција. Има одржано повеќе од 50 работилници за анимиран филм, со деца и млади во Хрватска и светот, па бил ментор на редовните групи за анимиран филм. Ја презентирал работана на друштвото VANIMA и VAFI фестивалот во Јапонија, Кина, Австралија, Израел, Соединетите Арапски Емирати, како и во Европа. Од 2008 година е член, а од 2012 година учествува во ASIFA Workshop Group. Бил чен на стручното жири на шестиот STAR FILM FESTIVAL, во Шишак, па на дванаесетиот TRASH FILM FESTIVAL во Вараждин. Моментално е заменик претседател на Културното Собрание на градот Вараждин, истотака вонредно студира на оделот Мултимедиа, обликување и примена на универзитетот Север.