Правила

СТАТУТ
НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА АНИМИРАН ФИЛМ
„АНИМАКС СКОПЈЕ ФЕСТ“ 2020

ОПШТИ ОДРЕДБИ

1. Дeсетото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ ќе се одржи во Скопје, Република Македонија.

2. Фестивалската програма се состои од следните секции:
– Отворен интернационален натпревар за анимиран филм
– Тематски секции и специјални проекции

3. Организатор на „Анимакс Скопје Фест“ е Аурипигмент продукција од Скопје, во соработка со Здружението на граѓани Филмско училиште Тинтири-Минтири. Овој фестивал е поддржан од Градот Скопје и други партнери.

4. Филмови во официјална конкуренција можат да поднесат уметнички школи, продуцентски компании, филмски институции, самостојни уметници и други компетентни лица.

5. Он-лајн пријавување:
Апликантот задолжително треба да го пополни и испрати формуларот поставен на веб страната на фестивалот и на официјалната е-пошта на фестивалот animaxmacedonia@gmail.com. Апликантот треба да го постави анимираниот филм на сервер и да обезбеди линк за симнување. Другите материјали (исти како и за апликацијата по пошта) треба да бидат испратени на фестивалската е-пошта.
Фестивалот прифаќа апликации преку некои филмски платформи (Click For FestivalsFesthome, FilmFreeway и други)

6. Фестивалот не наплаќа учество при поднесување на филмовите. Трошокот за поштенските услуги и обезбедување на материјали за процесот на селекција е на товар на апликантот. Пратените материјали не се враќаат.

7. Кој може да учествува:
Пријавените филмови за официална конкуренција можат да бидат направени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2019 година и претходно да не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории:
а) кратки анимирани филмови
в) анимирани филмови за деца

8. Формати
Пријавените филмови мораат да бидат испратени како HD дигитaлно видео (минимална резолуција 1280×720). Фестивалот не прифаќа 35 мм, Бетакам SP или било кој друг формат како примерок за прикажување.

9. Селекторот заедно со фестивалскиот Борд ќе ги објават резултатите од селекцијата и ја формираат листата на филмови во официјална селекција

10. Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 1 септември 2020 година.

11. Апликантите се задолжени за официјален превод на англиски на пријавените филмови на Фестивалот.

12. Интернационалниот фестивал за анимација „Анимакс Скопје Фест“ формира интернационална жири комисија назначена од Организаторот, која ќе ги додели следните награди за секоја категорија:
– ГРАН ПРИ / Златна тула
– Втора награда / Сребрена тула
– Трета награда / Бронзена тула

13. Награди кои не се вклучени во Правилникот, а кои потекнуваат од приватни лица, институции и организации, можат да бидат доделени по договорот со Организаторот.

14. Филмовите одбрани во официјална конкуренција можат да бидат прикажувани повеќе од 3 пати за време на Фестивалот.

15. Носителите на филмовите во селекција, го отстапуваат без парична надокнада, правото на Фестивалот да користи содржини од филмот на промотивни материјали за фестивалски публикации (печатени материјали, веб-сајтови и сл.) и за промоција на Фестивалот во сите медиуми, како и за ТВ прикажување поврзано со фестивалот.

16. Продуцентите на филмовите во официјална конкуренција се сложуваат да се организираат додатни прикажувања на нивните филмови организирани по завршувањето на Фестивалот во Македонија и во странство, со цeл промоција на фестивалската програма.

17. Пријавувањето на филм на Фестивалот ќе значи прифаќање на фестивалскиот статут.

18. Организаторите на Фестивалот ќе одлучат за сите работи што не се опфатени со овој Статут.

НАПОМЕНА:
Заради пандемијата со COVID-19, сите проекции и работилници предвидени во програмата ќе бидат организирани на отворено.