Отворен повик за пријавување

Скопје, 17.08.2021 – Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното единаесетто издание на фестивалот, кое ќе се одржи во Скопје, Република Македонија.

Право да се пријават имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2020 година кои претходно не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени како кратки анимирани филмови или анимирани филмови за деца.

Рокот за пријавување на анимирани филмови е отворен до 15 ноември 2021.

Три Сестри / Русија / Светлана Андрианова

Организатор на „АСФ “ е Аурипигмент продукција од Скопје, во соработка со Здружението на граѓани Филмско училиште Тинтири-Минтири. Овој фестивал е поддржан од Градот Скопје и други партнери.

Leave a Reply