Отворен повик за пријавување

Скопје, 23.07.2020 – Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното јубилејно десетто издание на фестивалот, кое ќе се одржи во Скопје, Република Македонија. Заради пандемијата со COVID19, сите проекции и работилници предвидени во програмата ќе бидат организирани на отворено.

Право да се пријават имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2019 година кои претходно не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени  како кратки анимирани филмови или анимирани филмови за деца.

Good Intentions
„Добри намери” – добитник на Сребрена тула на АСФ 2019

Рокот за пријавување на анимирани филмови е отворен до 1 септември 2020. 

Организатор на „АСФ “ е Аурипигмент продукција од Скопје, во соработка со Здружението на граѓани Филмско училиште Тинтири-Минтири. Овој фестивал е поддржан од Градот Скопје и други партнери.

Leave a Reply