Отворен повик за пријавување

Скопје, 16.07.2019 – Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното деветто издание на фестивалот, кое ќе се одржи во Скопје, Република Македонија.

Право да се пријават имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2018 година кои претходно не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути) и анимирани филмови за деца.

„Музеј“ – добитник на Бронзена тула на АСФ 2018

Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2019 година.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со Здружението на граѓани Филмско училиште Тинтири-Минтири. Овој фестивал е поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија, Градот Скопје и други партнери.

Наградите кои ги доделува меѓународната жири комисија на овој фестивал се Златна, Сребрена и Бронзена Тула во секоја натпреварувачка категорија.

Повеќе информации за пријавувањето се објавени на веб страната како и на ФБ профилот.

Leave a Reply