Францускиот анимиран филм „Дедо Морж“ победник на седмиот Анимакс

Златна Тула – „Дедо Морж“

Скопје, 25.12.2017 – Златната Тула за најдобар анимиран филм на седмото издание на Анимакс Скопје Фест ја понесе францускиот филм „Дедо Морж“ на авторот Лукрис Андре. Со втора награда (Сребрена Тула) се закити шведскиот филм „Бреме“ од Ники Линдрот вон Бахр, додека Бронзената Тула ја доби францускиот филм „Мојот маж (октопод)“ од Стефани Кадорет. Специјалната награда ја доби романскиот филм „Блажената случајна смрт“ на Сергиу Негулици. Детската публика го изгласа филмот „Џебниот човек“ од Франција на авторката Ана Шубиниѕе за најдобар детски филн на Анимакс #7.
За наградите одлучуваше меѓународната жири комисија во состав Наталија Березоваја (Русија), Данило Дабиќ – Звогањ (Србија) и Соња Јаќоска Самарџиева (Македонија).

Сребрена Тула – „Бреме“

Во рамки на фестивалот се одржаа и неколку придружни настани. Особено голем интерес разбуди средбата со српскиот треш аниматор и Јутуб сензација Ѕвогањ со македонската пулика која масовно го посети настанот.

Бронзена Тула – „Мојот маж (октопод)“

Во рамки на Анимакс се одржа работилница за деца со хрватскиот аниматор Хрвоје Селец, кој воедно е и директор на фестивалот ВАФИ од Вараждин. Во период од три дена под негово менторство петнаесетина деца изработија стоп анимација и се запознаа со основите на анимирањето.

Работилница за анимација одржа и руската авторка Наталија Березоваја, на која се изработи краток клип со стоп анимација, а беше прикажан и нејзиниот анимиран филм „Василиј Блажен“.

Специјална награда – „Блажената случајна смрт“

На четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест беа прикажани 41 краткометражни анимирани филмови и 10 анимирани филмови за деца во официјална конкуренција. Тие беа избрани од пријавените рекордни 3.156 анимации од 88 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.

Награда од детска публика – „Џебниот човек“

Настанот се одржа од 21 до 24 декември под мотото „Исцеди уметност“ во Кинотека на Македонија.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија.

Анимакс Скопје Фест е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот. For more information check out wolfinace.co.uk“>wolfinace.co.uk

Leave a Reply