Програма за деца

Превземете ја целосната програма тука.

Датум
01/ 12 / 2018 (сабота)
02/12/2018 (недела)

Време
12:00

Место
Кинотека на Македонија

Влез слободен

1. Кукуколор / Швајцарија / Оана Лакро / 2018 / 06’35”

CoucouleursВо голема шума каде живеат еднобојните птици, сите си го имаат најдено своето место на дрвото коешто личи на нив.
Но, што се случува кога птицата има две бои?

2. Гризи и Лемингсите – Телопортирањето е правиот пат / Франција / Виктор Моулин / 2017 / 07′

Grizzy And The LemmingsВеднаш штом шумскиот чувар ќе си отиде, Гризи се чувствува слободно да ја превземе територијата каде што се наоѓа станицата на чуварот. И ниту едно друго животно не се осмелува да си ја дозволи таа привилегија. Освен Лемингс! Тие се мали, но ги има многу – и тие го сакаат нивниот дел од Елдерадо! Гризи наоѓа две идентични вазни кои се садови за комуникација во ковчег од американските племиња. Ако ја стави раката во едното, ќе му излезе од другото, без оглед на нивната оддалеченост. Ова би требало да ја задоволи природната мрза на Гризи, освен ако Леминзите не сфатат дека можат да играат неверојатни игри со магичните вази.

3. Издржи со мене / Франција / Клотилс Шивот / 2018 / 07’38”

Bear With MeМаргот, осум годишно девојче, е присилена да го помине летниот одмор со нејзиниот дедо кој никогаш не го запознала. Таа е оставена во високите планини со Алфонс, кој не само што е стар и намќорест, но исто така е мечка, и тоа вистинска, со крзно и шепи. И покрај нивното непријателство, тие полека почнуваат да се разбираат и да живеат заедно.

4. Сино / САД / Марјам Фарахзади / 2017 / 04′

BlueСино е краток филм за борбата да се биде поинаков.

5. Пет минути до морето / Русија / Наталија Мирзојан / 2018 / 07’10”

Five Minutes To Sea

Мајката и кажува на својата ќерка да одмори пет минути пред да и биде дозволено повторно да плива. На малото девојче тие пет минути и се чинат како цела вечност. Таа се труди да се забавува самата себе си, гледајќи ги другите луѓе на плажата и како тие ги поминуваат нивните пет минути. Но, сите чекаат да пливаат.

6. Пржен Таро / Тајван / Ан Ву Ли / 2018 / 04’51”

Fried TaroЕдно девојче Чиу – Чиу и нејзиното семејство одат кај бабата на ручек. Бабата е среќна се додека не разбере дека дедото пие. Таа е лута на нејзиниот сопруг. Чиу – Чиу ја прашува баба и дали може да јаде од благите пржен таро пред ручек. Баба и се разбеснува на нејзиниот сопруг, и ја удира Чиу – Чиу, иако веднаш зажалува. Чиу – Чиу е вознемирена. Таа си заминува сама. Во среде ноќ, Чиу – Чиу дознава дека дека нејзините родители не се дома. Без друг избор, таа трча до куќата на баба за да побара помош…

7. 6:1 / Русија / Сергеј Рјабов / 2018 / 02’53”

6:1Нераздвојни девојче и мачка играат дама. Мачката цело време губи…

8. Прошетаниот колач / Холандија / Сијбрен Шенкелс / 2018 / 03’09”

CakewalkБабата сака да се почести со вкусно парче торта. На пат кон паркот, таа го споделува колачот со гладните минувачи. Но, дали тие заслужуваат?

9. Нови соседи / Италија / Андреа Манино / 2018 / 05’50”

New NeighboursДоналд, бел националист, не може да го поднесе доаѓањето на новите соседи, додека неговата ќерка не може да дочека да си игра со нејзиниот нов другар. Во смешен 1930ти стил, филмот поставува прашање за нашата можност за интеграција и мирен соживот.

10. Црвеното Јаболко / Хрватска / Ана Хорват / 2018 / 08′

Red AppleПосвоено девојче ни раскажува приказна за тоа какви треба да бидат семејствата. Но понекогаш тоа може да биде различно – како што таа ни кажува приказна за нејзиното, посебно семејство. По свадбата, нејзините родители не можат да имаат дете. Тие доаѓаат до заклучок дека нивниото дете е веќе родено, и дека мораат да го побараат.

11. Гено / Грузија / Дато Кикнавелизе / 2017 / 12′

GenoТоад Гено и неговите соседи се присилени да бараат нов дом затоа што градежна фирма сака да го сруши местото каде што живеат. Гено се грижи само за себе… Но тој ќе мора да разбере, дека само преку соработка со другите ќе може да се спаси нивниот дом и да преживеат.

12. Волкот и Еленот / Македонија / Илчо Симовски, Маријана Симовска / 2018 / 4’58”

The Wolf And The BuckВолкот влакното го менува, но чудта никогаш. Добриот секогаш гледа добро и секогаш сака да помогне, па дури и на непријателот. Но, себичниот и лошиот никогаш нема да биде благодарен, освен ако не се промени и не одлучи да стане добар.

Превземете го ловоровиот венец на Анимакс тука

Animax Laurel