Официјална Програма

Превземете ја целосната програма тука.

ПРВ ДЕН – Четврток, 29.11.2018 / 20:00ч


1. Кружно патување на монахот / Македонија / Жарко Иванов / 2018 / 12’07”

The MonkВо мал манастир скриен во карпи покрај езеро, далеку од цивилизацијата, осамен млад монах слика фрески на светци по ѕидовите. Во еден мирен сончев ден, појден на сред езеро со кајчето, одеднаш слуша женски гласови. Да не го мами ѓаволот? Да не му ја проверува совеста?

2. Црно Куче / САД / Џошуа Татхил / 2017 / 15′

Black DogКористејќи архивски снимки и стоп анимација, дејството на Црно Куче е поставено во време на вселенската трка на О.Н. и С.С.С.Р. од 1960та година, среде времето на загреаната социјална и политичка тензија. Двајца браќа мора да се справат со ненадајна загуба на нивните родители. Додека едниот запаѓа во проблематичен брак, другиот мора да најде излез од злото што ја уништува неговата фамилија.

3. Ништо не се Случува / Данска / Мишел Кранот / 2017 / 11’50”

Nothing HappensЛадно е во предградијата на градот. Сепак, некои луѓе се собираат. Ги гледам како формираат линија преку хоризонтот. Сите чекаме нешто да се случи. Но, ништо не се случува… Сме се собрале да сведочиме настан. Учествуваме да бидеме видени. Спектаклот да гледаш и да бидеш гледан.

4. Музеј / Естонија / Аги Пак Ји Ли / 2017 / 04’10”

MuteumВо уметнички музеј, најдобро е да научиш добро, однадвор кон внатре, од длабоко кон подлабоко, сериозно и искрено.

5. Бобо / Хрватска / Андреј Рехак / 2018 / 14’41”

BoboБобо е приказната на најмалото момче во светот, чија желба да порасне го одвела до неочекувано, фантастично патување. Едноставната форма на детската бајка со универзална порака се изразува на сите генерации без оглед на култура, религија политика, нација, етничка припадност и други контексти. Приказна за младото момче што се справува со универзалниот проблем на вклопување. Тоа е приказна за патување помеѓу две слични и бескрајно различни светови во исти универзум, приказна за патување од светот на заблуда до светот на знаење, од светот на инхибиција до светот на бестрашна слобода, од свет на фиктивна несреќа до замислениот свет на среќа.

6. Биди Тивок / Русија / Еуген Фадеев / 2018 / 0’30”

Keep QuietЕден човек пука во небото. Осветлува ѕвезди. Месечината не е задоволна од вревата.

7. Коло / Швајцарија / Делиа Хес / 2018 / 08’41”

CircuitНа мала планета, затечени во нивниот приватен мал универзум, населението ги извршуваат своите поетски надреалистични дела, што се повторуваат до бескрајна јамка. Дека тие сите се дел од еден мал комплексен екосистем кој може да функционира се доколку неговата или нејзината улога, е нешто за кое тие не се свесни.

8. Тој Рече Љубов / Франција / Инес Седан / 2018 / 05’40”

Love He Said1973, Сан Франциско. Чарлс Буковски, подземен поет и манга понапреден од своето време, ја чита својата поема ЉУБОВ пред неговата дива публика кои дошле да слушаат провокациите на „треш“ поетот. Но, тој ден наместо манга, публиката нашла скршен човек гладен за љубов.

9. Носталгија / Израел / Хила Еини / 2018 / 07’15”

HomesickКриза во животот на една млада девојка ја принудува да се врати во домот на нејзините родители. Нејзиното повторно појавување го поместува деликатниот баланс во гнездото на фамилијата.

10. Манед & Мачо / Иран / Шива Садех Асади / 2017 / 10’49”

Maned & MachoПотиснатите емоции и инстикти на една млада девојка се отелотворени во некои животни кои доаѓаат од нејзините соништа. Сепак, никој во нејзината фамилија не е приемчив на тие животни.

11. Половина Ноќ / Турција / Илхами Тунч Генчер / 2018 / 03’35”

Half NightАПСТРАКТЕН СВЕТ

12. Пердувестата Перница / Бразил / Јозеф Спекер Нис / 2018 / 12’17”

The Feather PillowКратко по нејзиниот меден месец Алисиа добива необјаснива болест, додека нејзиниот сопруг Јордан сведочи рамнодушно. Нешто скриено ја доведува до лудило. Болеста ја доведува младата девојка да ја помеша реалноста со ужасни халуцинации.


ВТОР ДЕН – Петок, 30.11.2018 / 21:30ч


1. Готлиб / Македонија / Крсте Господиновски / 2018 / 14’59”

GottliebЗагубен во лавиринтот на својата потсвест, Готлиб се мачи да го пронајде патот назад до реалноста. Предизвикувајќи деконструкција на неговиот измислен свет, си го става животот во опасност. На крајот, како што се судираат неговите реалности, станува свесен за затворот во кој самиот се ставил.

 2. Сирени и Носорози / Унгарија / Викторија Трауб / 20178 / 15’34”

Mermaids And RhinosСпомените на осумгодишната Тилда оживуваат како надреални визии: бабата сирена како поранешен член на циркус, еротичната мајка и исчезнатиот татко чие скршено срце, бес и љубомора се манифестираат како носорог. Дејствијата од сегашноста и минатото се во константна метаморфоза и трансформација. Ликовите ги пречекоруваат сопствените граници како и границите на околината. Живтотот на Тилда е полн со гротескни, бизарни ликови кои се гладни за љубов. Атмосферата од желба, страст и тага ја одбележуваат оваа приказна.

3. Лавиринт / Украина / Степан Ковал / 2017 / 08’03”

LabirynthШто повеќе да се каже за лавиринтот, освен дека е лавиринт?

4. Како Слон во Продавница за Порцелан / Франција / Луиз Шеврие / 2017 / 05’30”

Like An Elephant In A China ShopШто е најлошто нешто што може да се случи во продавница за порцелан?

5. Кружното / Германија / Сејлан Бејоглу / 2018 / 12’00”

The RoundАвганистанскиот сообраќаен полицаец Али стои на раскрсница и го усмерува сообраќајот. Сега тој има балетски перформанс, но сеуште со достоинство. Тој држи сѐ под контрола се додека странските војници не го заменат со модерен семафор. Но, тоа не му се допаѓа на Али воопшто. Почнува борба помеѓу Али и семафорите. Додека Али пробува да се справи со челичното чудовиште, тој станува проблем за Талибанците. Хаосот започнува и општеството е поделено.

6. Свирка / Виетнам / Триет Ле / 2017 / 02’54”

HonkСатирична анимација за вознемирувачкото свирење во Виетнам. Филмот ги отсликува возачите кои ги користат нивните гласови да свират за да ги претркаат другите возачи и хумористичните последици кои следат.

7. МАГИ / Канада / Хаофенг / 2018 / 01’54”

MAGIМАГИ е анимиран филм снимен во еден субјективен кадар кои ги пренесува дејностите и енергијата на еден 2Д аниматор, направен со користење на “straight-ahead” анимациска техника преку анимација на хартија во три фази: ригидност, податливост и епифанија.

8. Дали Сум Оригт / Тајван / Јен Лиан Чен / 2017 / 04’07”

Am I OrightОсновниот перформанс на експерименталната анимација “AM I ORIGHT” е базиран на звуци. Звуците кои биле снимени и едитирани, биле користени како основниот перформанс на анимациската креација. Да се укаже вистинското искуство на авторот на изгубеност, растење и трансформирање во процесот на креативното патување.

9. Потоа / Република Чешка / Матоуш Валчар / 2018 / 05’26”

AfterШто доаѓа по смртта? Во нашиот свет, многу луѓе размислуваат на ова прашање. Разни групи имаат различни мислења, но сите имаат едно нешто заедничко. Скоро секоја религија се држи до нејзиното убедување дека нивната вистина е таа вистинската.

10. Ден на Гневот / Франција / Џордан Дамур / 2018 / 02’32”

Dies IraeМладо момче свири на виолина на својот прв концерт во симфониски оркестар, пред диригентот и публиката. Дали ќе може да го надмине својот страв?

11. Сатурн во Лав / Хрватска / Ана Шагадин / 04’44”

Saturn In LeoВо вселената без физички закони, каде на секоја планета живее само едно суштество, тие се соочуваат со тешкотијата на слободно време. Секое од нив го поминува различно препуштајќи се на бескорисни активности и поставувајќи вештачки цели за себе си, незнаејќи дека се создадени само за забава на осамениот човек.

12. Цвр-Цвр / Руска Федерација / Жана Бекмамабетова / 2018 / 11’10”

Tweet-TweetНашиот живот е како одење по јаже. На моменти сме исплашени или изгубени го губиме балансот. Кога сме среќни и возбудени забораваме и одиме на јаже. Можеме дури и да летаме! Главни ликови се девојчето Луба и нејзиниот пријател Спароу. Смешниот Спароу не знае за страв. Во играњето со него Луба заборава дека таа е на јаже…

13. Убава си за мене / Холандија / Боувине Пол / 2017 / 12′

Bei Mir Bist Du SchönМилата бабичка се радува на посетата од нејзината внука. Но кога малото девојче пристигнува, работите не одат така лесно како што таа се надева.


ТРЕТ ДЕН – Сабота, 01.12.2018 / 20:00ч


1. Образец Б16 / Македонија / Иван Ивановски / 2018 / 08’04”

Form B16Образец Б16 е филм за човекот кој го добива најмалото парче од колачот. Заглавен во бирократскиот лавиринт, нашиот карактер се соочува со низа апсурдни ситуации и следејќи ги веќе воспоставените и предодредени чекори, тој успева да стаса на почетокот.

2. Треперења / Германија / Ан Ту Гујен / 2018 / 4’30”

TremoreПредмети на универзалното човештво. Рачно нацртани фигури танцуваат современ танц на страст, агонија, младост и тага.

3. Гну / Белгија / Николас Кепенс & Матијас Флипс / 2017 / 19’08”

WildebeestОдење на сафари е сон за многумина. За средовечната двојка Линда и Тројер, тоа се претвора во ужасно вистинска авантура кога ќе се изгубат во дивината.

4. Слоновите ќе Бидат Среќни / Франција / Лукас Русел / 2018 / 06’57”

The Elephants Will Be HappyПост-апокалиптичен триптих кој ја набљудува состојбата на светот откако луѓето исчезнале. Инсектите ги замениле луѓето и го продолжуваат нивното насилство, робот слика фреска во спомен на минатата цивилизација, а растение со нозе ги категоризира последните преживеани видови на растенија.

5. Кукличка / Франција / Сирен Баралон / 2018 / 01’07”

Little DollЉубопитноста ја води малата кукла во еден чуден свет…

6. Храброто Срце или (Денот кога го овозможивме протоколот за месечарење) / Обединето Кралство / Лука Шенато и Синем Вардарли / 2018 / 09’52”

The Brave HeartЕксцентрична и надреалистичка акција / комедија, во која храбро срце патува во внатрешноста на телото за да се обиде да ги среди проблемите на утринскиот мамурлак.

7. Покрај Патот / Аргентина / Изабел Масијас / 2018 / 05’40”

On The Road SideЧовек страда за смртта на неговото семејство. Друг, за губење на неговата работа. Заедно ќе најдат начин да си помагнат еден на друг.

8. Зелениот Клуч / Австрија / Бадри Скиртлаѕе / 2018 / 15’00”

The Green KeyПриказна за жена која се обидува да биде силна и се чувствува силна, се брани од валканиот свет и се бори за нејзината подобра иднина.

9. Борејќи се со Пабло / Белгија / Роби Верваке / 2018 / 07’30”

Fighting PabloЕден млад уметник работи на портрет кога неочекуван момент на фрустрација и сомневање ја разбранува неговата инспирација. Одвлечен од сопствената љубопитност, одеднаш се наоѓа себеси зафатен од голема парада. Значајни ликови од современата поп-култура и уметничка историја се појавуваат насекаде. Неможејќи да му се спротивстави на харизматичното повлекување на овој огромен и гротескен свет, тој се приклучува на истражувањето преку своите шарени амбиции. Но, кога страшната харизма на Пабло Пикасо завршува со закана за сето она што го има, тој учи да се повлече за да го открие сопствениот глас.

10. Пат до Прохибицијата / Шпанија / Хавиер Мурсиано / 2018 / 02’50”

Road To ProhibitionИгрива комедија со стари автомобили, непристојни прогони и скриени локали во 20-те години на прохибицијата.

11. Потопени / Белгија / Аурели Лиса-Ана фон Оверлоп / 2017 / 05’15”

SoakedНевротичен татко го заклучува во куќаата својот син кој сака да се нурне во океанот, бидејќи се плаши дека нешто може да му се случи на неговиот драг брод.

12. Вештерката од Самракот / Република Чешка / Зузана Скопалова / 2018 / 07’10”

Twilight WitchКраток анимиран хорор филм, направен со техниките за цртање на дигиталната анимација, ќе нè однесе во чешката околина во втората половина на 19 век, во време кога луѓето верувале во народни суеверија, митови и разни суштества. Ова е вознемирувачка приказна за херојот на едно дете, видено од перспектива на детето, за возможни и невозможни работи без предрасуди. Сите добри деца знаат дека мора да бидат дома пред самракот. Дури и мало момче, кое не се вратило на време, го знае истото. Фатено во мрежата на својот страв, почнува неговиот бесен рок за неговата душа. Ова е приказна за детска фантазија што не е секогаш безбедно и љубезно место, бидејќи… Тоа во кое што вистински се верува може да стане вистинско.


ЧЕТВРТИ ДЕН – Недела, 02.12.2018 / 20:00ч


1. Струење Низ Чуда / Франција / Џоана Лури / 2018 / 14′

Flowing Through WonderВреме е селаните да го започнат своето патување. Со нивните љубени, тие ја поминуваат опасната вода во етапи…каде синото небо и синиот океан се спојуваат. Кога го напуштаме светот на живите?

2. Кадија / Сирија / Беш Идлби / 2018 / 02’55”

KhadijaСтара бабичка се труди да се соочи со отсуството на нејзиното семејство, така што навлегува во минатото.

3. Грда Сказна / Бугарија / Радостина Нејкова / 2018 / 11’00”

Ugly Fairy TaleИновативни рачно ирзаботени везови. Маж и Жена ги поминуваат нивните денови во безсмислени аргументи. Еден ден на нивната мала куќичка ѝ доаѓа преку глава од нивните безкрајни караници и бега.

4. Последното Крстарење / Узбекистан / Христина Белоусова / 2018 / 01’37”

The Last Cruise

Сите имаат карта за овој брод, но тој плови….секогаш во различно време.

5. Прашинки / Естонија / Катарина Ауле / 2018 / 07’31”

DustrollsСтар слеп часовничар заработува за живот поправајќи часовници, со помош на неговите незабележливи пријатели.

6. Залутан / Тајван / Чианг Јао / 2018 / 08’34”

St(r)ayКамилата која е во потрага да си ја најде изгубената жена во пустина, се соочува со дилема дали да оди во потрага на богатство или да го продолжи патувањето. „Залутан“ е приказна за тоа како некој треба да ги препознае најважните работи во животот, справувајќи се со хаосот настант од деменција.

7. Зима / Словачка / Томаш Червени / 2018 / 05’58”

WinterТаа е ладна, стара и стабилна. Нејзиното име е Зима. Таа самостојно владее со магичната шума, од удобноста на нејзниата магична колиба. Сепак, несреќите ќе започнат кога некој ќе се прикраде низ нејзиниот простор. Пролет. Таа е снаодлива, таа е млада, таа носи живот. Таа е подготвена да биде голема беља за старата баба. Дали е Зимата доволно моќна да ја уништи Пролетта? Ако е така, по која цена?

8. Еуфорија / Унгарија / Каталин Егели / 2018 / 04′

EuphoriaВо овој свет сѐ е од иста важност и иста вредност, и сѐ има дух, улога и е исполнет со живот. Ние смирено ја прифаќаме бруталноста како дел од светот и правејќи го тоа ние исто така можеме да го доживееме единството што не ослободува сите нас од страдањата на илозацијата. Ние сме дел од истите страдања и хармонии, сличноста на безживотните елементи и живите суштества на оваа избезумена еуфорија и прифатливост.

9. Килим на Мирот / Иран / Зиба Аршанг / 2018 / 04’06”

Peace CarpetНекои луѓе и животни ловат Срна. Срната е бремена. Мајката мисли дека животот ќе го спаси нејзиното дете. Сите тие се проткаени на тепихот.

10. Вртоглавица / Латвија / Лиана Михаилова / 2018 / 03’25”

VertigoДодека имаат возбудливо летно пливање и нуркање, едно по друго во водата крај гребенот, главниот лик неочекувано е одделен од другиот дел на групата пријатели – од страна на гребенот кој не може да се помине и тоа го зачинува искуството. Анимација која е инспирирана од феноменот на акрофобија, и стравот од височини.

11. Н.Е.П / Италија / Адолфо ди Молфета / 2017 / 08’15”

The NAPПоглед во цртан филм, каде сѐ е импровизирано.

12. Втора Шанса / Франција / Виктор Леме / 2017 / 06’26”

Seconde ChanceВо 1920, Жак – трауматизиран од војната – живее како повлечен чувар на гробишта. Една ноќ се среќава со Хенри, млад војник издигнат од својот гроб.

Превземете го ловоровиот венец на Анимакс тука

Animax Laurel