За Анимакс

За фестивалот

Основната причина поради која одлучивме да организираме интернационален фестивал за анимиран филм во Република Македонија е желбата и потребата за тоа анимираниот филм да влезе на широка врата во Македонија.
“Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во Македонија. На него гледаме како уникатна можност за презентирање на домашните, македонски креативни потенцијали во нивната матична земја, со што публиката ќе добие јасна претстава за она што во моментот во Македонија се создава на ова поле. Фестивалот е со компетитивен карактер и е отворен за аниматорите од целиот свет.

Профил и мисија

Фестивалот е вистинската адреса за секој заинтересиран за анимација како начин на комуникација, како начин на проширување на хоризонтите, како обид да се поддржи една културна форма и да се помине слободното време на креативен и конструктивен начин, како дел од глобалниот тренд на креативните индустрии во Европа и во светот.
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, Македонија, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија. Главната мисија на „Анимакс Скопје Фест“ е:

  • Промовирање на анимацијата во Македонија
  • Зголемување на свеста за анимацијата во Mакедонија како дел од влијателните културни (креативни) индустрии
  • Развивање на контакти и комуникација меѓу уметниците во Македонија и надвор
  • Промоција на дијалог меѓу филмаџиите, дизајнерите, аниматорите, уметниците, продуцентите и гледачите
  • Организирање на семинари, форуми и работилници

За нас

Продуцентската куќа „Аурипигмент“ околу 15 години работи во сферата на аудио – визуелната уметност во Република Македонија, произведувајќи играни филмови, ТВ серии, играни серии, документарни и забавни програми наменети за најширок аудиториум. Поголемиот дел од проектите се окарактеризирани како проекти од национален интерес со универзална вредност. Во оваа листа на проекти се вбројува и еден од најновите проекти на продуцентската куќа, првиот македонски интернационален фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“.
Во моментов продуцентската куќа „Аурипигмент“ го има изработено документарниот филм „Христо Узунов“, додека пак во пред – продукција и продукција се наоѓаат пет проекти меѓу кои и еден долгометражен филм. Фестивалот „Анимакс Скопје Фест“ има за цел да ги обедини и охрабри сите аниматори на територијата на Република Македонија и да овозможи достојна презентација и верификација на нивниот креативен потенцијал и производ. Тимот на „Аурипигмент“ продукција го познава квалитетот и потентноста на македонските автори и токму поради тоа смета за потребно фестивалот да го стави во служба на промотор и ’извезувач’ на естетски издржаните анимирани аудио – визуелни дела што произлегуваат од Македонија.

Имено, овој фестивал има за цел подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови, за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот. Авторите на овие филмови од секаде во светот, земаат учество на овој фестивал со испраќање на нивните анимирани филмови. Анимакс Скопје Фест се одржува во ноември, секоја година. На последната вечер на фестивалот, се доделуваат награди на најуспешните анимирани филмови кои поминале низ претходен круг на натпреварување и биваат избрани за наградени од страна на Жири – комисијата.

Од друга страна, нашиот тим будно ги следи случувањата во сферата на светската анимација и исто така како минатите години, така оваа година и во иднина планира да го носи најдоброто од светот во Македонија. За тоа сведочат досегашните две изданија на фестивалот, во кои се беа пријавиле над 400 висококвалитетни анимирани филмови, од повеќе од 35 земји од светот. Додека пак на овогодинешното издание се пријавени повеќе од 200 анимирани авторски дела, од повеќе од 40 земји од светот, кои и овој пат ќе се натпреваруваат за главната награда „Златна Тула“.

Тимот на Анимакс

Кузман Кузмановски
Калина Кузмановска
Благоја Куновски
Елена Стеваноска
Илиана Петрушевска
Александра Живковска
Ивана Ристевска
Оливер Андреевски
Маја Кутузовска

Контакт

  • + 389 78 30 21 61
  • Ул. Венјамин Мачуковски 17/1-1, 1000 Скопје, Република Македонија
  • contact@animaxskopjefest.mk

Leave a Reply