Официјална програма

——————————————————
Вторник, 29.12.2020 / 18:00ч
——————————————————

1. Клодета и колачот / Бразил / Фадина Саломао / 2020 / 4’37”

Клодета обожава да прави колачи и тоа го прави со вистинска страст. Нејзините колачи ги ценат сите и тоа ја радува, но кога ќе ја обземе прекумерната побарувачка, Клодета ќе мора да преземе нешто.

2. Откорнат / Јордан / Асим Тарек, Сара Елзајат / 2020 / 4’18”

Проекција на емотивната состојба на 10-годишниот Адам, кој чувствува празнина во него, што изгледа како единствено црно дрво среде пустина. Тој се обидува да ја пополни оваа празнина со цртање и врамување на овие експресивни цртежи, без никој да ги забележи. Единствената боја што ја знае е црна, иако неговата соба е исполнета со шарени кутии со подароци што можат да го инспирираат. Но овие подароци не се она што тој го бара.

3. Засолниште од снег / Литванија / Робертас Невечка / 2020 / 16’9”

Ладна зима во модерен град, уништен во војната. Неколку години по војната градот полека се обновува. Триесетгодишно момче живее во стан со група странци. Тој се бори да преживее и, исто така, да најде малку повеќе удобност во овој груб амбиент. Една ноќ тој за малку ќе го запалеше станот, надевајќи се на потопол сон. Неговите цимери почнуваат да го мразат, па момчето мора да најде друго засолниште.

4. Ослободување / Швајцарија / Сесил Брун / 2019 / 6’33”

„Ослободување“ ни овозможува да нурнеме во сончевите спомени од детството на едно девојче, кое пее и готви со својот татко. Едноставен, интимен момент. Но, тие се повлечени од масата тесто во емотивните длабочини на загуба и исчезнување. Беспомошно, детето се обидува да го сфати она што не е опипливо.

5. Тамоу / Израел / Том Презман / 2019 / 10′

Опкружена со нападните очи на патријархалното општество, осамена домаќинка се втурнува во внатрешно истражување на полот и сексуалноста во Мароко во 20иот век. Вистинскиот идентитет на Тамоу како транс-маж почнува да се расплетува.

6. Необичното злосторство на ексцентричниот господин Џеј / Португалија / Бруно Каетано / 2019 / 10’50”

Во град каде природата е забранета, мало злосторство од обичен човек предизвикува неочекувани последици.

7. Психофоничен / Шпанија / Алин Ромеро / 2019 / 5’42”

За време на ноќта со полна месечина, една мачка е заробена во морничава куќа во која што свири грамофон. Мачката ќе открие една тајна додека се обидува да избега и да си го спаси живот.

8. Залив на Желките / Франција / Осеан Лаверњ / 2020 / 5’19”

„Младите ја имаат таа предност – што може да се восхитуваат без да разберат“

9. Златно срце / Франција / Симон Филио / 2020 / 12’45”

Кој не би дал сè за своето дете? Мајка гледа можност да избега од тешкиот сиромашен живот продавајќи ги своите органи на болен, многу богат, постар сосед. Таа го предава сопственото месо во замена за злато. Малку по малку, неопходноста отстапува место на желбата за повеќе злато.

10. Три Сестри / Русија / Светлана Андрианова / 2019 / 8′

Филмот е базиран на црногорската легенда „Куќа на трите сестри“

11. Движења / Кореја / Даи Јонг / 2019 / 10’15”

Во рок од 10 минути, африканското дрво баобаб расте 0,008 мм, најбрзото куче на светот може да истрча 12 км, а Земјата патува околу 18 000 км околу Сонцето.

„Движења“ е 10-минутен филм, анимиран по 2 секунди на ден. Сите одиме, гледаме, работиме, трчаме и застануваме – заедно.

12. Стара вештерка / Франција / Лу Пулиси / 2020 / 7’37”

Додека неговата сопруга му верува дека е на семинар во Париз, Жан-Лук седи во кајче и плови во залив некаде во Луизијана. Има состанок со вуду волшебникот Ричардсон, познат по решавањето на сите проблеми.

13. Внатрешно царство / Романија / Роберт Антонов / 2020 / 3’14”

Нина, не можејќи да избега од чудна просторија, се соочува со разни стравови и грижи прикажани во форма на неколку живи суштества. Наместо да се проектира себе си во светот, таа го апсорбира светот во себе, внесувајќи се емотивно во него.

14. Суво море / Белгија / Барт Босарт / 2020 / 11′

Еден рибар останува сам на брегот на исушеното море. Тој е заглавен во минатото сè додека не го достигне песочна бура и го предефинира значењето на неговото постоење.

15. Песната на едно изгубено момче / Обединето Кралство / Даниел Квирк / 2020 / 9’56”

Бен е младо момче хорист, кое откако ќе му се расипе гласот среде соло, има егзистенцијална криза и одлучува да побегне од својата заедница. Тој сретнува група номади кои го примаат, иако Бен ја крие својата тајна за тоа кој е тој навистина и мора да одлучи што да прави со тоа.