Жири

Владимир Ангелов

Vladimir Angelov

Роден на 12.01.1968, дипломиран продуцент и филмолог. По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1992 г., кратко време работи како продуцент во Вардар филм. Од 1995 г. до ден-денес работи во Кинотека на Македонија.
На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во период од 1948г. до 1953г.
Од 2006 – 2017 г. е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија.
Преку разни селекции и на разни нивоа соработува со Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и Скопскиот филмски фестивал, а учествувал во жирија на повеќе фестивали. Како претставник на ГЕТЕ ИНСТИТУТОТ (од 2015 – 2022 г.) е дел од претселекционата комисија на проектот ПРВО ПРВИОТ ФИЛМ (FIRST FILMS FIRST) – проект за поддршка на филмови на млади автори.
Од 1997 година соработува со КИНОПИС и објавува околу триесетина текстови, кои се движат од интервјуа, критики и фестивалски прегледи сѐ до теорија. Исто така соработува со Македонската академија на науките на проектот Фотографијата и филмот на почвата на Македонија.
Во 2017 година е назначен за в. д. директор на Кинотеката, а во декември 2018 г. е избран за директор на Кинотеката, каде реализира многу проекти, како и дигитализирање и модернизирање на самата Кинотека.
Во 2020 година е одликуван со орден ORDINE DELLA STELLA D’ITALIA од страна на италијанскиот претседател Серџио Матарела.  

Сашка Андреевска

Sashka Andreevska

Сашка Андреевска е родена на 23.04.1978 година Во Скопје. Средното уметничко образование го завршува во УПУ “Лазар Личеноски“. Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје во 2002 година на отсекот Графика со графички дизајн во класата на Проф. Костадин Танчев – Динка. На истиот Универзитет се стекнува со педагошки доквалификации. Од 2003 година работи како професор по ликовна уметност и светско наследство во средно училиште во Скопје.Во слободното време успешно се занимава со изработка на портрети и карикатури. Покрај овие активности се занимава и со tattoo art. Учесник е на многубројни меѓународни и национални изложби. 

Горјан Гишев

Gorjan Gishev

Горјан Гишев роден на 18.04.1978 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование и дипломирал на Институтот за историја на уметноста со археологија во 2005 година. Од 2005 година до сега вработен во Град Скопје, Сектор за јавни дејности, Одделение за култура каде константно работи на зададените работни тековни задачи кои вклучуваат организациски , технички и стручни компетенции, но и тимска работа. Преку своето залагање придонесува за унапредување на процесите , активностите поврзани со културата и уметноста во Скопје. Во своето слободно време активно е посветен на иконографијата и постојана лична надградба во изработка на икони и други уметнички дела во различни техники.