Жири

д-р Лазе Трипков

Магистрира на Академијата за ликовни уметности во Варшава (отсек за графички дизајн) во 2002 година. Во 2003 година како стипендист на Фулбрајт иницира истражување на докторски студии поврзани со улогата на симболите и иконографијата на балканскиот регион. Неговите дела се изложувани на 5 самостојни изложби и на повеќе од 50 групни изложби на графички дизајн и плакати, ширум светот. Член на ICO-D; програмски комитет на Биеналето за плакат во Варшава; ко-основач на Skopje Design Week и партнер до 2013 година. Програмски директор на Скопје креативен фестивал и национален координатор за креативни индустрии во Министерството за култура на Република Македонија. Има курирано, организирано и реализирано многу проекти и изложби за социјален дизајн и визуелна комуникација, учествувал на многу конференции низ Европа, одржал предавања и работилници, учествувал како член на жирито на реномирани фестивали, натпревари и конференции. Добитник е на неколку меѓународни награди за дизајн, како, почесната награда од Чешката асоцијација на дизајнери и награда Златна пчела од Московското биенале. Раководеше со дизајнерско студио од 2014 до 2016 година, по што беше директор на Музејот на современи уметности во Скопје, до крајот на 2017 година. Поранешен декан на Факултетот за дизајн и мултимиедја во Црна Гора, од 2013 до 2016 година. Директор на Меѓународната асоцијација за култура и дизајн во Кина/Европа со седиште во Белгија. Работи како вонреден професор на Факултетот за уметност и дизајн на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, Македонија. 

М-р Мими Ѓорговска-Илиевска

Експерт за заштита на аудиовизуелното наследство, универзитетски професор, виш филмолог, истражувач и проучувач на филмот која повеќе од 20 години активно работи на полето на филмската дејност и дејноста за заштита на аудиовизуелното наследство. Во моментов, работи како Советник за библиотечни, аудиовизуелни и фонотечни добра во Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура. Истовремено е и универзитетски професор на Факултетот за Драмски уметности по предметот аудиовизуелно архивирање. По нејзиното првично вработување во Кинотека на Македонија и работење како приправник и експерт во Секретаријатот на меѓувладината организација Аудиовизуелна Еурека во Брисел, осум години ја извршува функцијата директорка на Националниот филмски архив – Кинотека на Македонија и две години е директорка на Агенцијата за филм на РМ. Од 2011 до 2017 година таа беше национален претставник за Македонија во Европскиот филмски фонд при Советот на Европа – ЕУРИМАЖ, како и активен и прв македонски член во Извршниот одбор на ФИАФ и АЦЕ. Во текот на нејзината кариера, таа е фокусирана на развој и истражување на македонската кинематографија, заштита на националното филмско наследство со посебен акцент на националната збирка на анимирани филмови во Кинотеката на Македонија како и зајакнување и развој на меѓународните односи, кои придонесуваат за промоција на македонската кинематографија и култура на глобално ниво. 

Илчо Симовски

Роден на 1969/05/26 во Скопје. Средно училиште за уметност има учено од 1985-1989 во оделот за графика со графички дизајн. Кај професорот Ѓорѓи Чулаковски и Лидија Вујисиќ, , како професори по графички техники. Кај професор Димитар Манев, цртање и сликање и кај Ордан Манев, применета графика. Во 1989 година се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во делот на графика и графички дизајн во класата на професор Костадин Танчев Динка. Дипломирал во 1993 година на истиот факултет. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и редовно присуствува речиси на сите групни изложби на Друштвото.