Програма за деца

Датум и време:
21.12.2019 (сабота) во 14:00ч и 16:00ч
22.12.2019 (недела) во 12:00ч

Место:
Кинотека на Македонија

Влез слободен

1. Елена / Аргентина / Алдана Бустаманте, Жулијана Васало / 2019 / 1’30”

ElenaЕлена е мало девојче кое што живее на село. Еден ден сретнува глуварче и бара нов пар патики. Кога ќе дувне во глуварчето, некој затропува на вратата и патиките се појавуваат на прагот на влезната врата.

2. Рик / Швајцарија / Аули Самтер / 2018 / 1’13”

RoarДобронамерен диносаурус треба да се спротистави на непријатен противник.

3. Измешано / Шведска / Маркус Хелмерсон / 2018 / 5’5”

ShuffledФилм со многу пресврти и потези во него.
Едно девојче бара излез.

4. Малиот Сив Волчко. Летна забава / Норвешка / Наталија Маликина / 2019 / 6’33”

Little Grey Wolfy. Summer PartyЛето е – ноќите се кратки и месечината е полна.
И роденденот на Малиот Сив Волчко е наскоро!
Малиот Сив Волчко сонува да има вистинска роденденска торта со свеќи и шлаг за неговата роденденска забава. Но сите знаат дека тортите не растат на дрво! Има само печурки, бобинки и лешници во шумата.
Сепак, тоа не е проблем за неговите добри пријатели!
Со многу фантазија и многу љубов успеваат да го направат токму тоа што Волчко сака – вистинска роденденска торта! А од ѕвездите што паднаа на ѕвезденото небо направија голем огномет. Ура за Волчко! Ура за неговите пријатели!

5. Сонот на цртачот / Франција / Клемон Ла Шимиа / 2019 / 3’4”

A Drawer's DreamТом има здодевен живот. Секој ден, оди на работа и не може да дочека да се врати дома и да се предаде на својата страст и избега од досадата.

6. Посвој брокула / Франција / Мејлис Пичер / 2019 / 1’20’

Adopt a BrocoliНесакана брокула очајно сака да биде изедена

7. Отилиа / Канада / Јон Себотари / 2019 / 5’04’

OtiliaСпоред вистинска приказна.
Уште од мала, една девојка свирела виолина, но, поради рутината на животот морала да се откаже од таа страст. Еден ден запознава стар човек покрај брегот кој ѝ нуди подарок за нејзиното бебе, кое што терба да се роди наскоро. Жената одбира играчка – мала балерина, со што ја дефинира животната пасија на нејзиното идно дете. Години подоцна, Отилиа, ќерката на оваа жена, го посветува својот живот на танцување за да стане позната балерина. Растејќи, сѐ повеќе проблеми се појавуваат во нејзиниот живот. Нажалост, таа се откажува од својот сон за работа во канцеларија. Некое време подоцна, во парк, Отилиа го запознава истиот стар човек кој што нејзината мајка го запозна пред многу време. Стариот човек и нуди подарок за бебето на Отилиа, кое што треба да се роди наскоро.

8. Изгубениот клавиш / Тајланд / Сирапат Ситидехдехакул / 2019 / 11’6”

The Lost KeyПриказна за татко и ќерка пијанисти. Ќерката има несреќа и веќе не може да свири на пијаното. Таткото се обвинува себе си. Престанува да свири, иако тоа многу му недостига. Конечно, напорите на ќерката дека сака нејзиниот татко да биде среќен, ќе го натераат повторно да свири на пијано.

9. Добар волк / Белорусија / Наталија Дарвина / 2018 / 7’15”

Good WolfЕднаш, во шумата живееше гладен волк. И секогаш беше гладен, бидејќи имаше меко срце. Јадеше билки, мед и пиеше чај. Една зима, волкот не можеше веќе да гладува и одлучи да го украде јагнето од дедо и баба. Го украде, но не можеше да го јаде и се каеше. Наместо тоа, му даде на јагнето чај и танцуваше за него. Во меѓувреме, дедото пристигна до куќата на волкот со пушка и куче за да си го земе јагнето назад и да го казни гладниот ѕвер…

10. Легендата за Псалтир / Белорусија / Татјана Коублицкаја / 2019 / 10′

The Legend of PsalteryХрабро срце и магичната моќ на музиката можат да запрат војна.