Жири

Ана Недељковиќ

Ana NedeljkovićАна Недељковиќ е родена во 1978 година во Белград. Дипломирала и докторирала сликарство на Факултететот за ликовни уметности во Белград. Таа се занимава со визуелна уметност, анимација и едукација во областа на современа уметност. Првиот анимиран филм кој што го работела заедно со Никола Мајдак помладиот “Rabbitland” (2013), на Берлинале е награден со Кристална мечка. Филмот е прикажуван низ целиот свет и има освоено и други бројни награди.

Надежда Маринчевска

Nadezhda MarinchevskaПроф. Др.Надежда Маринчевска е филмски критичар и долготраен истражувач на анимирани филмови. Таа е заменик директор на инстутот за Уметнички Студии во Бугарската Академија на Науки. Таа предава “Историја на Анимација” и “Драматургија на анимирани филмови” на Националната Академија за Театар и Филм во Софија. Надежда Маринчевска е автор на книгите: Бугарска Анимација 1915-1995 (2001), Кадри на имагинација. Естетика на анимациски техники (2005) и Анимациски хибриди (2015). Таа ја има освоено наградата на Унијата на Бугарски Фимлаџии за Филмска теорија (2006) и наградата на Бугарската Филмска Академија за филмски критки (2014). Таа е член на Унијата на Бугарски Филмаџии, Унијата на Бугарски Новинари, Здружението на Бугарски и Северно Американски Ученици и е член на Интернационалната Федерација на Филмски Критичари FIPRESCI. Таа била член на жирито на FIPRESCI на интернационалните фестивали : Анеси, Франција ( 2004 и 2008 год.), Лајпциг, Германија (20016), Краков, Полска (2007), Атина, Грција (2008), Сараево, Босна и Херцеговина (2009) и други.

Гоце Цветановски

Goce CvetanovskiГоце Цветановски е сценарист, режисер и продуцент со долгогодишно меѓународно искуство. Има работено на исклучително голем број филмски и аудиовизуелни проекти, како во Македонија, така и во Франција, Америка, Виетнам, Јемен, Германија, Романија, Бугарија, Турција…
Неговите авторски дела се прикажувани на над 100 филмски фестивали. Редовен учесник е на меѓународни филмски и интермедијални пазари.
Роден 1979 година во Скопје, Гоце е член на аматерскиот филмски клуб „Ед Вуд“ од 1996 година. Во 1998 година заминува за Париз, каде што завршува мастер по филмска режија на универзитетот Париз 8 Сен Дени. Во 2002 ја креира продукциската куќа „Македонска Крепост“ во Скопје. Неколкупати бил член на жири на филмски фестивали во Франција, Косово и Малта.
Од 2011 до 2015 работи како доцент на филмската академија ЕСРА Скопје (сега преименувана во ЕФТА), каде што е одговорен и за меѓународната соработка, во рамките на која се остварија неколку меѓународни копродукции и проекти за соработка. Филмовите на неговите студенти се редовно прикажувани и наградувани на голем број студентски и филмски фестивали.
Во 2014 е основач на издавачката куќа Комик Бру во Шкотска, со која досега имаат издадено две графички новели.
После 17 години живеење и работа меѓу Париз и Скопје, во 2015 Гоце се враќа во Македонија како еден од основачите на најголемото 2Д анимациско студио на Балканот, Линкс Студиос. Моментално работи на првиот македонски долгометражен анимиран филм, Јон Вардар против Галаксијата.