„Добар, лош, грд или убав, сè се тоа карактери“ – работилница за деца

Меѓународниот фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“ организира работилница наменета за деца од 9 до 14 години за развој на карактери под наслов „Добар, лош, грд или убав, сè се тоа карактери“.

Ментори: Бојан Таневски (слободен уметник), Стефан Николовски (графички дизајнер) и Барбара Спасевска (дипломиран педагог по ликовни уметности)

Ден: 30.11.2018 (петок)

Време: 18.00 – 19.30 часот

Место: Тинтири Минтири (ул. Даме Груев 7, кај полициската станица Беко)

Потребно е пријавување во инбокс на сите заинтересирани.

Учеството е бесплатно.