НОЌ – работилница за анимација наменета за деца

Жешка ноќ во август. Време кога тишината царува. Сенките и силуетите градат свој свет.

Но оваа ноќ нема да биде страшна.

Бидете и вие дел од магијата на анимацијата.

Дводневна работилница за анимација со сенки наменета за деца на тема – Ноќ. Работилницата ќе се одржи на 23 и 24 август во Скопје. Ментор ќе биде познатата бугарска аниматорка Радостина Нејкова.

Настанот ќе биде проследен со проекции на анимирани филмови за деца, најдобрите остварувања прикажани на Меѓународниот филмски фестивал за анимација Анимакс Скопје Фест.

Работилницата е наменета за деца на возраст од 7 до 15 години. Учеството е бесплатно. Бројот на учесници е ограничен.

Распоред на активности:

23.08.2018 

12:00 – 13:00 Проекција на анимирани филмови за деца

18:00 – 20:00. Прв ден работилница

24.08.2018

12:00 – 13:00 Проекција на анимирани филмови за деца

18:00 – 20:00. Втор ден работилница

 Пријавувањето за работилницата се врши со испраќање на податоци (име и презиме на учесник, возраст на учесник, контакт телефон на родител) на и-мејл адресата: animaxmacedonia@gmail.com. или со пополнување на оваа ПРИЈАВА.

Настанот го организира Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест и филмското училиште Тинтири Минтири.

Менторот Радостина Нејкова е професор по Драматургија на на анимиран филм во Бугарската Академија на науките, и е професор за анимирани техники на Националната Академија за театар и филм „Кр. Сарафов“ во Бугарија.

Таа е автор на голем број наградени анимирани филмови. Досега организирала работилници за анимација во Босна, Србија, Германија, Бугарија и Русија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *