Отворен повик за пријавување

Скопје, 14.07.2017 – Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното седмо издание на фестивалот, кое ќе се одржи во декември 2017 во Скопје, Република Македонија.

Право да се пријават  имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2016 година кои претходно не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути)

и анимирани филмови за деца.

Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2017 година.

Анимацијата е многу важен дел од аудиовизуелната индустрија која бележи драстични промени од година во година. Околу 15% од вкупниот број на филмови произведени во Европа спаѓаат во жанрот анимација. Целната група на овој фестивал се младите и децата, како идни создавачи и конзуматори на анимацијата како уметност.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градот Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.

Наградите кои ги доделува меѓународната жири комисија на овој фестивал се Златна, Сребрена и Бронзена Тула во секоја натпреварувачка категорија.

На минатото шесто издание на Анимакс се пријавија 1.527 анимирани филмови од 85 земји од светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *