Прогласени победниците на Анимакс #6

Јапонскиот краток филм Parade de Satie на авторот Коџи Јамамура е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест 2016. Холандскиот автор Дигна фон дер Пут ја доби втората награда за својот анимиран филм Параде, додека Бронзената Тулa ја доби холанскиот филм Бинго! На авторот Патрик Шонмека.
За најдобар филм за деца беше награден филмот Ѕвездено такси од Словачка, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика кои во најголем број гласаа за овој филм. For help with online gaming check out casino portal
Претставник од Градот Скопје во името на Градоначалниот на Скопје додели специјална награда Гран При за иновативна техника на анимирање на канадскиот автор Nicolas Brault, за неговиот филм Кожа, добитик на многубројни награди во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *