Проекција на анимирани филмови за деца

Во рамки на меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест, на  3 и 4 декември (сабота и недела) во 12.00 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на анимирани филмови за деца. Саботната проекција е наменета за членовите на филмското училиште Тинтири Минтири, а неделната проекција е отворена за сите посетители. Децата ќе имаат можност да гласаат за најдобриот филм и со своите гласови да одлучат кој ќе биде добитникот на наградата Златна тула за најдобар анимиран филм за деца.

Филмовите се синхронизирани на македонски јазик.

Влезот за проекциите за деца е бесплатен.

Целосната програма за деца можете да ја разгледате тука.

Leave a Reply