Слатка материја, работилница за анимација

Ментор: Николас Бролт, аниматор од Канада

Време и место: 02.12.2016 (петок) / 18:00 часот / Кинотека на Македонија

Workshop Nicolas

Во оваа работилница  Бролт поврзува неколку свои филмови реализирани со Националниот филмски борд на Канада, со последните проекти кои ги реализирал како независен режисер, нагласувајќи ја важноста на материјата и текстурата во својата кинематографија. Николас ќе ја претстави својата невообичаена  техника на анимирање со леење шеќер, што ја користи во својот најнов филм „Кожа“ (Squame), носител на многубројни престижни награди од целиот свет.
И за крај, оригиналната шеќерна материја ќе им биде понудена на учесниците за проба, со што сите ќе можат буквално да го пробаат вкусот на неговиот филм.

Оваа година во рамки на Анимакс на авторот Бролт ќе му биде доделена специјалната Гран При награда за анимираниот филм Squame која ја доделува Градоначалниот на Град Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *