Промоција на книга за анимација на Анимакс #6

„Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“

Obsession_Perversion_RebellionЗборникот „Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“ содржи текстови посветени на субверзивните и потиснатите мотиви кои се присутни во авторските анимирани филмови кои доаѓаат од државите од „Вишеградската група“ и Италија. Авторите, меѓу кои и – Марсин Гизицки (Animator Festival; Rhode Island School of Design, USA), Богуслав Змуѕински (Etiuda&Anima IFF; AGH), Гуо Чанинг (Renmin University, Beijing), Денис Вирен (National Institute of Arts, Moscow), Паола Бристот (Academy of Fine Arts, Venice) – ја проучуваат уметничката работа во контекст на централно-европските политики и општества, тие исто така ги истражуваат и кариерите на одредени уметници од тој регион. Трудовите напишани од Полски и Чешки автори комуницираат со делата на научниците од Италија, Русија и Кина. Заедничките ставови на разноликата група на научници го исцртуваат гледиштето на анимираните филмови, уметност која што ги соединува и сетилата и интелектот. Авторите го привлекуваат читателското внимание кон одредени проблематики, меѓу кои и кон немоќноста на полската анимирана сатира; сличноста на анимираниот документарен медиум во рамките на Новата кинеска школа за анимација и современите полски и чешки продукции; интертекстуални односи помеѓу западните анимации и проекција на игран филм на Серџо Леоне или Сем Пркинпах; уметничките особини на Јан Шванкмајер, Зѕислав Кудла или Александар Сроѕински.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *