Работилница за стоп анимација за деца

Ментор: Дарија Копиец, аниматор од Полска

Време и место:

01 – 03/ 12 /2016 (од четврток до сабота)/14:00- 16:00 часот / Кинотека на Македонија

Деца пантомимичари (мистеријата во делата на Тадеуш Маковски).

Daria_Workshop_01Делото на полскиот сликар Тадеуш Маковски ќе биде инспирација во градење на приказната на анимираната етида создадена од пластелин. Во тек на три работни дена, учесниците (деца на возраст од 8 до 17 години) ќе создадат краток анимиран филм кој ќе биде прикажан на големото платно на крајот од фестивалот.
Првиот работен ден ќе биде посветен на делото на Тадеуш Маковски. Потоа учесниците ќе создадат кратко сценарио испирирано од делата на уметникот. Пред почетокот на снимањето тие ќе направат сториборд. По кратка дискусија за содржината на планираните сцени, ќе почне да се подготвува сценографија. Во текот на вториот работен ден ќе се работи на сценографијата и на куклите и потоа ќе се почне со снимање.Третиот работен ден ќе биде целосно посветен на снимање на анимираниот филм.
Daria_Workshop_02Учесниците на работилницата ќе имаат шанса да го набљудуваат и да учествуваат во процесот на изработка на еден филм почнувајќи од создавање на идејата до готов производ. На крајот од фестивалот учесниците ќе имаат можност да ја видат етидата на филмско платно.
Работилницата е наменета за деца од 8-17 години.
Работилницата ќе трае шест часа, три работни дена по 2 часа.

Daria_Workshop_03За Тадеуш Маковски

Тадеуш Маковски е сликар, илустратор и графички уметник, автор на текстови од полето на историјата на уметноста. Роден е во Освјенќим во 1882, а починал во Париз во 1932 година. Во 1918 Маковски претставил мотив кој ќе биде во центарот на неговата работа потоа – фигура на дете. Уметникот користел радикално едноставни фируги, ограничувајќи се себе си со тријаголници, цилиндри и конуси – правејќи ги своите линии појасни и потешки. Авторот ги ограничил и боите кои ги користел, задржувајќи се на земјени бои, главно кафени, црвени и сиви нијанси. Создал гротексна визија на човековото постоење, свет доминиран од маски и реквизити, реалност како маскембал населен со меланхолија, како и неговите деца – пантомимичари, замрзнати во театарски пози. Овие „кловнови“ често се придружувани од миленици и птици, и постојат во неодредено, апстрактно место, во театарско опкружување, во студиски ентериер, колиби или дворови. Карневалските сцени се уште еден повторувачки мотив. Мотив кој изнудува чудење и понекогаш мистерија.

Заинтересираните треба да е пријават на нашиот мејл animaxmacedonia@gmail.com