Жири

Данило Дабиќ

Danilo DabicДанило Дабиќ ( Звогањ) е интернет „thrash” аниматор и Јутуб сензација од Белград. Во 2015 година со интернет серијалот „Цопетовата Кујна”, ја започнува својата кариера, а денес има преку 250.000 следбеници.

Соња Јаќовска-Самарџиева

Sonja Jakovska-SamardzhievaСоња Јаќовска-Самарџиева- уредник на Играно документарната програма во Македонската телевизија. Автор е на голем број документарни филмови како и емисии од областа на културата и уметноста. Актер по професија, магистер по Театрологија, докторат на Институтот за македонска литература на Културолошките студии во книжевноста. Во филмот на Срѓан Карановиќ „За сега без добар наслов“ имаше една од главните улоги заедно со Мира Фурлан и Мето Јовановски, а беше и еден од главните ликови во најпознатата македонска играна серија „Трст Виа Скопје“. Последните години се профилира во жанрот на интервјуа со видни личности од областа на културата и уметноста како режисерот Љубиша Георгиевски, кинематограферите –добитници на Оскар –Џон Сил и Ришард Ленчевски, мајсторот на камера на култниот филм „Кој тоа таму пее“ – Божидар Бота Николиќ, потоа со актерката Мира Фурлан, како и со режисерот и актер Драган Бјелогриќ.

Наталија Березоваја

Natalia Berezovaia1973 – Родена во Фрјазино, во близина на Москва.
1996 -. Дипломирала анимација на Универзитет Луцеум, со број 333 во Москва.
1997-2003 Работела во студиото “Аргус интернационален”, од 2003 година во студиото “Пилот” студио за анимација во Москва.