Програма за деца

Програма за деца

Време и место: 03 и 04/12/2016 (сабота и недела) 12:00

Кинотека на Македонија


1. Топло чоколадо / САД / Ту Ву Ким Нгујен / 2016 / 03’17’’

Hot ChocolateКраток анимиран филм за мало девојче, кое неодамна се преселило во друга земја и се обидува да се прилагоди на нејзиниот нов живот.

2. Мачката и нејзиниот уметник / Германија / Маико Колер / 2015 / 03’32’’

The Cat and Its ArtistСлучајно, улична мачка се наоѓа во станот на еден уметник кој црта премногу слики од банани. По одбивање, караница и тепачка со бои, мачката и уметникот стануваат успешни продавачи на своите слики.

3. Секоја капка е важна / Индија / Димант Вјас / 2016 / 01’15’’

Every Drop CountsЗа повеќето од нас кои живееме во градовите со сигурни погодности, суша е нешто што го гледаме на телевизија или го читаме по весници. Дури и да не е за цели 24 часа, водата доаѓа до нашите куќи и чешми. Ова веројатно ни дава емоционална дистанца од луѓе, животни, птици и пејзажи погодени од суша. Поради ова, ние не успеваме да разбереме дека нашите активности имаат влијание исто така! Овој филм е обид да се изгради тој мост. Ги покажува двете страни на приказната, на еден екран. Ја дава целосната слика.

4. Еднаш навечер / Русија / Алексеј Протсенко / 2015 / 01’12’’

Once in the EveningМлад дечко се враќа дома после работа во вечерните часови да се опушти и да гледа телевизија. Но, одеднаш снемува струја во станот и главниот лик наоѓа начин како да ја врати повторно.

5. Госпоѓица Робото / САД / Наташа Риндт / 2015 / 05’30’’

Miss RobotoНеисполнета од својот живот, роботот за миење садови добива инспирација од танцова емисија. Освен нејизната намена, таа пробува да направи нешто за што не е програмирана… ДА ФАТИ РИТАМ!

6. Желката и зајакот / Турција / Сејит Али Јапракчи / 2016 / 04’

Tortoise and HareЖелката по пат наидува на зајакот. Тој ја исмејува желката зашто оди многу бавно. Тие одлучуваат да се тркаат до бунарот од почетокот на селото. Таа пробува да му се приближи на зајакот, а тој седнува под дрвото и ја чека желката пред самиот крај за да го победи. Така чекајќи ја зајакот заспива. Желката успева да ја стигне целта и победува. Така, зајакот полн со самодоверба и непокажувајќи ги неговите вештини губи.

7. Ѕвездено Такси / Словачка / Јурај Крумполец / 2015 / 14’30’’

Star TaxiАвантурите на малиот Хуго и таксистот Пепино, на нивното патување низ опасната вселена. Малку побрзо од брзината на светлината, тие бегаат од бесните чудовишта од планетата Алдебаран. Анимиран краток филм, базиран на бајката на Џани Родари.

8. На моето детство / Кина / Џиајинг Хе / 2016 / 03’03’’

To My ChildhoodПриказната е за една девојка која на сон се враќа назад во времето и се сретнува со детската верзија од себеси.

9. Бегство / Бразил / Даглас Алвес Фереира / 2015 / 10’

The ScapeВо 50 година п.н. ера, во древниот Египет, Римската армија штотуку ја наднала земјата и спроведува затвореници низ пустината. Едно момче, затвореник пробува да избега.

 

Филмови од деца


1. Моето омилено дрво / Србија / Мирослав Ѓериќ / 2016 / 02’

Преубавото дрво е дел од растењето на едно момче и девојче, па заради тоа станува нивно омилено дрво.

2. Сината птица / Србија / Мирослав Ѓериќ / 2016 / 06’

Младите автори на овој филм, преку животот на сината птица прикажуваат дека лошиот сосед може многу да ти одмогне, а пак добриот сосед вреди многу.