Правила

СТАТУТ
НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА АНИМИРАН ФИЛМ
„АНИМАКС СКОПЈЕ ФЕСТ“ 2016

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

1. Шестото издание на Интернационалниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ ќе се одржи во Скопје, Република Македонија.

2. Фестивалската програма се состои од следните секции:
– Отворен интернационален натпревар за анимиран филм
– Тематски секции и специјални проекции

3. Организатор на „АСФ “ е Аурипигмент продукција од Скопје, во соработка со Здружението на граѓани Филмско училиште Тинтири-Минтири. Овој фестивал е поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија, Градот Скопје и други партнери.

4. Филмови во официјална конкуренција можат да поднесат уметнички школи, продуцентски компании, филмски институции, самостојни уметници и други компетентни лица

5. Начин на пријавување:
Пријавување преку пошта:
Апликантите треба задолжително да го пополнат формуларот за пријавување поставен на фестивалскиот сајт http://animaxskopjefest.mk и да го испратат на официјалната мејл адреса на фестивалот animaxmacedonia@gmail.com. Исто така апликантите треба да испратат потпишана верзија од формуларот заедно со анимираниот филм по пошта на следната адреса: За Анимакс Скопје Фест 2016 улица Венијамин Мачуковски 17/1-1, 1000 Скопје, Република Македонија.
Апликантите треба задолжително да испратат:
– Испечатен и потпишан формулар
– Дигитално видео од анимираниот филм во HD формат
– Краток синопсис од филмот (максимум 300 карактери)
– Кратка биографија на режисерот (максимум 300 карактери)
– 3 фотографии од филмот во висока резолуција
– 3 фотографии од режисерот во висока резолуција
– Англиска дијалог листа

Он-лајн пријавување:
Апликантот задолжително треба да го пополни и испрати формуларот поставен на веб страната на фестивалот http://animaxskopjefest.mk на официјалната имејл адреса на фестиалот animaxmacedonia@gmail.com
Апликантот треба да го постави анимираниот филм на сервер и да обезбеди линк за симнување.
Другите материјали (исти како и за апликацијата по пошта) треба да идат испратени на фестивалскиот имејл.
Сите пристигнати материјали остануваат во сопственост на архивата на фестивалот, без оглед на тоа дали филмовите се одбрани за официјалниот натпревар или не.
Фестивалот прифаќа апликации преку некои филмски платформи (Click For Festivals, Festhome, итн.)

6. Фестивалот не наплаќа учество при поднесување на филмовите. Трошокот за поштенските услуги и обезбедување на материјали за процесот на селекција е на товар на апликантот. Пратените материјали не се враќаат.

7. Кој може да учествува
Пријавените филмови за официална конкуренција можат да бидат направени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2015 година и претходно да не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории:
а) кратки анимирани филмови
б) долгометражни анимирани филмови (над 45 минути)
в) анимирани филмови за деца

8. Формати
Пријавените филмови мораат да бидат испратени како HD дигитaлно видео (минимална резолуција 1280×720). Фестивалот не прифаќа 35 мм, Бетакам SP или било кој друг формат како примерок за прикажување.

9. Селекторот заедно со фестивалскиот Борд ќе ги објават резултатите од селекцијата и ја формираат листата на филмови во официјална селекција

10. Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2016 година.

11. Апликантите се задолжени за официјален превод на англиски на пријавените филмови на Фестивалот.

12. Интернационалниот фестивал за анимација „Анимакс Скопје Фест“ формира интернационална жири комисија назначена од Организаторот, која ќе ги додели следните награди: – ГРАН ПРИ / Златна тула – Втора награда / Сребрена тула – Трета награда / Бронзена тула за секоја категорија.

13. Награди кои не се вклучени во Правилникот, а кои потекнуваат од приватни лица, институции и организации, можат да бидат доделени по договорот со Организаторот.

14. Филмовите одбрани во официјална конкуренција можат да бидат прикажувани повеќе од 3 пати за време на Фестивалот.

15. Носителите на филмовите во селекција, го отстапуваат без парична надокнада, правото на Фестивалот да користи содржини од филмот на промотивни материјали за фестивалски публикации (печатени материјали, веб-сајтови и сл.) и за промоција на Фестивалот во сите медиуми, како и за ТВ прикажување поврзано со фестивалот.

16. Продуцентите на филмовите во официјална конкуренција се сложуваат да се организираат додатни прикажувања на нивните филмови организирани по завршувањето на Фестивалот во Македонија и во странство, со цл промоција на фестивалската програма.

17. Пријавувањето на филм на Фестивалот ќе значи прифаќање на фестивалскиот статут.

18. Организаторите на Фестивалот ќе одлучат за сите работи што не се опфатени со овој Статут.