Официјална програма

ПРВ ДЕН – Четврток, 21.12.2017 / 20:00ч


1. Затка / САД / Ту Примош / 2017 / 5’45”

Corky Вадитапа со разнишана навртка е во битка со џиновско стаклено шише за да ги ослободи седумте магични светкави бубачки зарoбени внатре.

2. Дедо Валрус / Франција / Лукрис Андре / 2017 / 14’00”

Grandpa WalrusНа една темна и ветровита плажа баба се моли, мама вреска, неговите сестри не се замарат, а Лукас е сам. Дедо беше чуден човек, а сега е мртов.

3. Авторот и носот / Жана Абасова / Киргистан / 3″14″

Author and the NoseАвтор и носот е текст за борбата на уметничкото дело и исцрпување на писател без нос. „Се обидов да ја изразам надуената, шупливата личност како нос, кој го консумира чистиот талент”.

4. Фрагментирано / Ане Звинер / Австрија / 5’3″

FragmentedШто е реалност, што е илузија? По несреќа со мотор, реалноста на главниот лик се претвора во фрагменти. Сеќавањата и реалните настани се спојуваат со надреални халуцинации кои се поврзани со нејзиниот престој во болницата и силните лекови што ги добива таму поради нејзините ужасни повреди. Нереалнте слики стануваат дел од едно страотно претчувство и сензација, кои се поврзани со операциите на кои таа треба да се подложи.

5. Прекрасен свет / Ели Бастиаенс / Белгија / 5’53”

A Wonderful WorldМалечката Лела би сакала да игра на отворено, но е задржана внатре од нејзинот претерано загрижен татко, Дејв. По пат на самопроизведен марионетски куклен театар, Дејв ја учи својата ќерка за страшните опасности надвор. Дали сѐ уште живееме во еден „Прекрасен свет”?

6. Елувиум – Регенеративно битие / Стас Сантимов / Украина / 7’21”

EluviumОфицијалното музичко видео за „Регенеративно битие” од Елувиум.
Осамен човек се наоѓа себеси во едно необично место каде сѐ е однапред испланирано за неговото пристигнување.

7. Улицата на Анфок / Зилаи Фенг / САД / 2016 / 3’32”

The Street of AnfokПарализиран човек кој секогаш останува во кревет и гледа низ огледалото кон прозорецот од неговата соба, наидува на нешто поинакво во еден дождлив ден.

8. Театар / Ју Ју / Тајван / 2016 / 2’43”

PlayhouseЦелото семејство го чека таткото да се врати дома за вечера. Сепак, кога таткото конечно се враќа дома, тој се фокусира на ништо друго освен на екранот што го држи, сѐ додека не види слика на едно друго семејство…

9. Цигара / Том Тасел / Канада / 2017 / 05’40”

CigareКапка вода сретнува капка масло и тие започнуваат да танцуваат. Тие непрекинато се трансформираат во различни ликови, создавајќи кореографија од наизменични елегантни и гразиозни чекори со гротескни и надреални изобличувања. Поставено на музика без дијалози.

10. Музејски чувар / Александра Грацер / Австрија / 2016 / 2’49”

Museum GuardШто прави музејскиот чувар кога мисли дека никој не гледа? Тој стои; стои стоички на своeто место; неподвижен, тивок. Статичко преземање, празно место, карактер, неверојатен глас – движечка слика. Минималистички акционен филм кој ги слави малите нешта – исполнет со шарм, емоции и убавина.
(Мишел Коч – Диагонале, 2017)

11. Генерал Дупонт, во Генерал Дупонт пере алишта / Ту Ву Ким Нугуем / САД / 2017 / 2’40”

General DupondКарикирање на богатиот и удобниот живот. Генерал Дупонт, аристократ од 18от век, врши домашна работа – перење алишта на сцена.

12. Дарел / Шпанија / 2016 / Марк Брионес Пиулаш & Алан Каебантес Персон / 3’00”

DarrelРазмена на погледи во метро. Колку шанси имаш пропуштено. Дарел ќе направи се за да не ја пропушти оваа.


ВТОР ДЕН – Петок, 22.12.2017 / 20:00ч


1. Џинот / Лаурен Браибант / Франција / 2016 / 9’41”

The OgreПолн со комплекси поради неговата големина, џин се воздржува од јадење преплашен да не го открие гротескното себство, компромитирајќи го така своето место во општеството. За време на една бизнис прослава, неговата вистинска природа ќе биде ставена на тест.

2. Џебниот човек / Ана Чубиниџе / Франција / 2016 / 7’00”

The Pocket ManМал човек живее во стар куфер. Еден ден ќе најде нов пријател – стар слеп човек. Малиот човек скока во џебот на слепиот. Со музика, џебниот човек му помага на слепиот да оди и да види што се случува на улица. Двајцата се многу среќни заедно.

3. Блажената случајна смрт / Сергиу Негулици / Романија / 2016 / 15’05”

The Blissful Accidental DeathВлегувајќи во продавница за антиквитети, еден млад човек наоѓа интригантен цртеж, кој крие тајно љубовно писмо на задниот дел, напишано пред 70 години. Откако открива дека авторот на цртежот е жив, на веќе 105 години, одлучен да открие дали приказната е вистинска, човекот оди на необично патување за да се запознае со неа, сликарот кој спријателил многу значајни романски уметници на почетокот на 20 век.

4. [0] / Марио Радев / Велика Британија / 2017 / 6’34”

O[O] е филм кој ja имитира природата и нејзиниот начин на дејствување. Анимацијата ги отсликува циклусите на свет целосно базиран на звучна фреквенција и вибрации.

5. Тис / Клои Лесуер / Франција / 2016 / 9′

TisНеподвижен, празен лист од бела хартија. Силуета се појавува исцртана под нејзината површина. Еве го нашиот херој, Тис. Тој се бори и успева да се ослободи од листот хартија, но нозете му остануваат приврзани на него. Во далечината, тој гледа толпа суштества слични на него. Тис се обидува да се зграпчи за нив, но листот хартија на кој што е прицврстен ги спречува неговите движења.

6. Татко и син / Дениз Загли / Германија / 2016 / 5′

Father and SonКога еден татко забележува дека неговиот син ja открива сексуалност, се обидува да го вразуми со патување во една турска бања. По пристигнувањето, синот не е воодушевен од програмата за релаксација, но неговото расположение се подига кога сфаќа дека женскиот оддел не е далеку.

7. Скротени / Ребека Блохер / Германија / 2017 / 6’41”

Too TameСедум протагонисти, заглавени во кутијата, фатени во јамка од нивните клишеа и нивната повторлива дневна рутина. Нивната индивидуалност е само привидна, бидејќи премногу лесно нивната автономија може да се одземе – дури и ако се коцкаат со живот. Но, шоуто мора да продолжи и парите се трупаат. Аплауз!

8. Рагнарок / Јохан Оетингер / Литваниа / 2016 / 7’48”

RagnarokНевремето доаѓа. Орелот е заробен од духот на смртта. Еден куршум е испукан кон фаталната битка на орелот.

9. Очај / Никол Хидаго / Канада / 2017 / 3′

DespairПовеќетехничка анимација во круг ја става идеата за достапност на сигурен aбортус преку слики. Содржи аудио примероци на машки политичари и јавни личности од САД и Перу кои зборуваат за правата на жените врз сопствените тела.

10. Празно / Оливиа Пецини / САД / 2016 / 2’48”

HollowПо една разурнувачка бура од прашина, дете и нејзиното милениче петел, се борат да не изгладнат до смрт. Инспириано од вистински настани.

11. Одбојка / Кавех Систани / Иран / 2017 / 3’09”

Wolleyball Еден војник е сместен на гранична стража. Потоа, со војник од соседната земја смислуваат како да играат одбојка. Тие играат заедно. Одеднаш доаѓа воен авион и пушта бомби…


ТРЕТ ДЕН – Сабота, 23.12.2017 / 20:00ч


1. Пакосна девојка / Ајсе Картал / Франција, Турција / 2017 / 7’59”

Wicked GirlС., 8 годишна, е мала девојка од Турција со неверојатна имагинација. Таа многу ги сака природата и животните. Додека таа се сеќава на старите добри денови во селото на своите баба и дедо од болничката соба, се појавуваат мрачни и застрашувачки спомени и, малку по малку, почнуваат да имаат смисла.

2. Сеќавањата на рибата / Константино Вачлас / Грција / 2017 / 8’22”

The Fish of MemoryСтар човек е проголтан од риба и патува низ нејзините сеќавања.

3. Удар / Јани Зхао/ Велика Британија / 2017 / 4’59”

StrokeЕден ден, во болничка соба, стар човек се сеќава на мозочниот удар кој го имал во својот дом. Почнува со силна главоболка, следствено симптомите на мозочниот удар се менуваат со чудни визии што тој ги има за себе и за реалноста околу него.

4. Ненадејниот ветар / Едрис Самани / Иран / 2017 / 8’2″

The Wind SuddenlyТатко оди на лов со својот син, но синот станува тажен, бидејќи не сака да убива птици. Така, тој ќе се обиде да ги спаси со своето летало.

5. Патопис на Тел Авив / Самуел Патеи / Швајцарија / 2017 / 6′

Travelogue IsraelЕден млад студент по уметност од Швајцарија, доаѓа во Тел Авив на шест месеци.
Преку цртање, тој ќе научи да се анализира, да се разбере и да се ослободи себеси во оваа различна средина.

6. Прогонет / Јен Сун Чен / Тајван / 2017 / 4′

HuntedШто може да се случи во животот толку моќно да предизвика остра болка, со лузни вкоренети длабоко во коските? Каква ли грешка може човек да направи, со што лузната станува една постојана исцрпувачка болка?

7. Мојот маж (Октопод) / Стефани Кадорет / 2016 / Франција / 8’49”

My ManЕдна млада жена се враќа дома. Таа се соблекува, го облекува нејзиниот костим за капење, и тоне во подводните длабочини на нејзиниот стан. Совладан од барокна водна флора, нејзиниот дом станал екосистем на нејзиниот сопружник: октопод. До следното утро, таа се придржува кон оваа непријателска, влажна и задушувачка околина која сега е нејзиниот секојдневен живот со нејзиниот маж (октопод).

8. Нова порака / Гао Јунксионг, Гонг Киан / Кина / 5’11”

A New MassageЖивееме во свет во кој секој може да започне војна – користејќи социјални медиуми. Овој краток филм е забелешка за несвесниот напад на луѓето онлајн.

9. Помеѓу 0 и 1 / Винициус Ациоли / Бразил / 6’29”

Between 0 and 1Взаемното разбирање на двајца луѓе се отежнува поради нивниот недостаток на комуникација, разлики во возраста, начинот на живот и структурата на нивното постоење.

10. Впиен / Димитрис Арменакис / Грција / 2017 / 8’27”

AbsorbedЧовек се упатува кон една мистериозна куќа. Додека ги следи дадените знаци, тој оди на пат од кој нема назад.


ЧЕТВРТИ ДЕН – Недела, 24.12.2017 / 20:00ч


1. Бреме / Ники Линдрот вон Бахр /Шведска / Sweden / 2017 / 14′

The BurdenМрачен мјузикл поставен во модерен трговски објект, сместен веднаш до голем автопат. Вработените во различни комерцијални објекти се справуваат со досада и егзистенцијална вознемиреност преку изведување на весели музички тонови. Апокалипсата е заводлив ослободител.

2. Риби, Пливач, Бродови / Димитри Гелер / Бугарија, Русија / 2017 / 9’57”

Fishes Swimmers BoatsРиби, пливачи, бродови
Ја трансформираат водата. Водата е мека и се движи
за оние кои ја допираат..
П. Елијар

3. Не се буди / Евгениа Голикова / Естониа / 2017 / 6’15”

Don't WakeЧовек го поминува поголемиот дел од својот живот во затвор. Неговото тело е целосно покриено со тетоважи, што сведочи за неговоро криминално минато и високиот авторитет. Но, времето е дојдено да го напушти затворот… Дали ќе му биде лесно на затвореникот да ја напушти својата зона на удобност?

4. Курбла / Боуслама Чамак / Швајцарија/ 2017 / 3’8″

The CrankЧовек на станицата, куфер, курбла… Помеѓу сонот и реалноста, надежта и разочарувањето, патување во воз како никое друго.

5. Чекори / Алекс Авагимиан / Русија / 2017/ 2’23″

StepsМртвиот службеник се враќа пак на место каде што го гледа крадецот кој го уби.

6. Преминување / Пјер Ропар / 2017 / Франција / 7’42”

OverrunПреминување ја раскажува приказната за мравка потоната во темно и ладно место. Го следиме нејзиното патување низ овој навидум вознемирувачки и опасен, а сепак фасцинантен свет и нејзината потрага по бегство.

7. Привлекувачко Светло / Микита Карпов / Чешка Република / 2017 / 7’28”

Luring LightПриказна за пар роботи кои работат на враќање на животот во град изгубен во светлината. Бркајќи го тоа привлечно светло тие мора да направат избор. Жртва. И грешка.

8. Семе на нација 3 / Јиотсна Путран / 2016 / Индија / 3′

Seed of a Nation 3“Семе на нација” е филм кој е направен целосно со употреба на семиња, стоп-анимација и визуелни ефекти. Движењето на мешунките, леблебиите и ‘ркулците се користи за метафоричка претстава за раст и иднина на една нација. Една нација ќе биде она што нејзините деца ќе бидат. Тоа што нацијата го сее. Овој филм го прикажува магичниот сад од злато, кој го храни неухранетото дете и неговата околина, помагајќи му да го доживее прекрасниот свет и нештата во него. Надежта доаѓа кога се појавуваат облаците … но тоа само помага на неговата околина да расте уште повеќе во апсолутен дар на животот. Time-lapse техниката тука се користиза да се прикаже промената и растот.