Жири

Масимилијано Нардули


Massimiliano NardulliРоден е во Рим во 1976 година. Откако се здобива со диплома за хуманитарни науки и уметности, специјализира филм. Еден од поединечните слободни соработници за организирање на културни активности низ Европа, советник за сценарио и филмски критичар. Од 2007 година работи како програмски директор на Brest European Short Film Festival, Internationale Kurzfilmtage Winterthur, Festival de Biarritz Amérique Latine, Arcipelago, NEXT, Lakino Berlin, Divan Film Festival, Tirana International Film Festival, and Timishort. Изгласан е за член на Француската академија на науките и техниката на кино „ЦЕЗАР“. Тој е селектор на „TORINO SHORT FILM MARKET “ и е главен раководител при избор на „LIM“ (Less Is More), работилница за сецнарио за нискобуџетни филмови. Живее во Романија.

 

Дарија Виктoрија Копиец


Daria Wiktoria KopiecДарија Викторија Копиец, e режисер на играни и анимирани филмови, како и театарски режисер. Родена е во 1983 година во Скверзина (Полска). Студент на 3-та година при одделот за режија на театарската академија Александар Зелверовиц во Варшава. Магистрира на филмската школа во Лоѓ, во одделот за фотографија со специјализација – анимација и специјални ефекти (2009). Од ноември 2006 до март 2007 година добива стипендија на катедрата Анимација на националната школа за визуелни уметности – Заоблени во Брисел. Член на Здружение на полски режисери (SFP) од 2010 година. Во 2012/2013 е консултант на „Филм на хоризонтот”, проект создаден од страна на здружението на нови хоризонти, како дел од програмата на „Нови хоризонти на филмска едукација“. „Нови хоризонти на филмска едукација“ е проект со долга историја, фокусиран на филмска едукација на младата публика. Ја создава идејата за работилница како и режија на анимиран филм за време на меѓународниот проект Се-Ма-Фор Европско/Азиски Експрес 2011. Проектот ја претставува Полска за време на своето претседателство во ЕУ. Појдовна точка за работилницата беше цитат од Станислав Лем: „Нас не ни требаат други светови. Ни требаат огледала …” (Станислав Лем, „Соларис”). Работилницата се одржа во Пекинг, Мадрид, Токио и Париз. Од 2013 година до сега, Дарија има раководено бројни работилници за анимирани филм фестивали и културни институции како во Полска така и во странство. Од 2012 година до денес соработува со „Пограничната уметност, култура и центарот за нации“ во Сеинаи и „Пограничната фондација“, реализирајќи го анимирниот филмски фокус врз мултикултурализмот и проблемите со етничките малцинства. Од 2008 до 2012 е директор на студентски театар.
Од 2010 до 2012 работелa за постпродукциското студио PACKSHOT, како колорист (Blackmagic Design: DaVinci Resolve).

 

Жарко Иванов

Zharko IvanovРоден е во Скопје, Македонија во 1976 година. Завршил руски и италијански јазик и литература во Скопје, како и фотографија и кинематографија во Софија.
Режисер и продуцент е на повеќе кратки анимирани филмови, меѓу кои “Кружното Патување на Марето”, “Девојката што паѓа” и музичкиот документарец “Патот на ветровите”.
Претседател е на интернационалната организација за анимација и анимирана уметност во Македонија – ASIFA.